Ова е сè што треба да знаете за новата Формула 1
Новото видео на „Ред Бул“ ги прикажува Даниел Рикардо и Себастијан Фетел како ги објаснуваат регулативите во Формула 1 за 2014 година, кои претставуваат најкомплексно нешто што постои во спортот.
На почетокот илјадници автоделови симултано се склопуваат околу телото на Даниел Рикардо за да го оформат RB10.
Како што Даниел се трка за да го стигне Себастијан во неговото RB9, болидот на светскиот шампион станува транспарентен додека се движи со полна брзина.
Видеото ја прикажува промената на обликот на болидот, односно како болидот на Себастијан преминува од RB9 во RB10.
Покрај информациите за техничките промени во 2014 година, претставена е и уникатната технологија во работата на овогодинешните Формула 1 болиди.
Видео кое мора да го погледнат сите страсни вљубеници во Формула 1: