Изненадување: Возете Mitsubishi урбан теренeц наместо обичен автомобил

По повод јубилејот 20 години од своето постоење и 40 години Mitsubishi Motors во Европа, Мак Аутостар со интересен предлог

iznenaduvanje-vozete-mitsubishi-urban-terenec-namesto-obicen-avtomobil-1

Невообичаено, но вистинито, Mitsubishi Motors Македонија со конкретен предлог за сите оние кои сакаат да поседуваат теренско возило. Станува збор за Mitsubishi ASX, урбан теренец, кој од денеска може да се купи по цена од обичен автомобил. (повеќе на линкот www.mitsubishimotors.mk). Причина за оваа исклучително поволна понуда е двојниот јубилеј, односно 20 години од постоењето на Мак Аутостар, како и 40 години Mitsubishi Motors во Европа.

iznenaduvanje-vozete-mitsubishi-urban-terenec-namesto-obicen-avtomobil-2

ASX поседува гени на Mitsubishi теренско возило, но и сета мултифункционалност на удобно градско возило. Токму како урбано возило е препознатливо поради исклучителната економичност и безбедност, што докажуваат бројните награди. Така на пример, во САД е прогласен за едно од 10-те најекономични автомобили, за напредна технологија и во исто време е награден за врвна безбедност од страна на „Националниот Осигурителен Институт за Безбедност на Автопат“. Највисоки оценки, односно 5 ѕвездички се добиени и од страна на европскиот институт за тестирање на безбедноста на возилата EuroNCAP..

Секоја година се зголемува бројот на купувачи кои сакаат да возат ваков тип возило, урбан теренец кој ги надминува сите ограничувања кои постојат кај помал, обичен автомобил. Ова се однесува пред се на просторноста, удобноста во возењето, совладување на разни терени кои не се асфалтирани итн. Возило за сите ситуации. Поради сиве овие предности, а по повод двата јубилеја, сега сите заинтересирани можат по цена на мал автомобил да купат Mitsubishi урбан теренец. 

iznenaduvanje-vozete-mitsubishi-urban-terenec-namesto-obicen-avtomobil-3

Мак Аутостар како официјален претставник на Mitsubishi Motors во Македонија, по повод јубилејот планира во текот на целата година да подготви најразлични изненадувања за своите клиенти, но и за сите оние кои сакаат да се придружат на овдешното Mitsubishi семејство.

Под слоганот „Посветени како никој друг“, Мак Аутостар оваа година прославува 20 години од своето постоење. Таа е една од првите автомобилски компании од осамостојувањето на Македонија и е дел од групацијата Betz, светски позната компанија за транспорт и логистика.

iznenaduvanje-vozete-mitsubishi-urban-terenec-namesto-obicen-avtomobil-4

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg