Renault Captur – СУВ на годината
Националното жири при изборот на „Автомобил на годината во Македонија” едногласно одлучи да оваа 2014-та титулата СУВ ја додели на моделот Renault Captur.
Во конкуренција со финалистите, како најдобар модел и најуспешна СУВ изведба се издвои новиот кросовер на Renault, кој претставува иновативен спој на стилот и функционалноста. Исклучително е практичен,елегантен и отмен како одвнатре, така и однадвор.
Renault Captur произлегува од знаењето и умешноста на Renault да истражува нови територии во поглед на дизајн, удобност и опрема:
- Го одликуваат нежни, мазни и урамнотежени линии и силна, но ненаметлива единственост.
- Компактни димензии.
- Пристапна понуда на внатрешното и надворешното приспособување. Captur игра со единствените двобојни каросерии и разноликоста на контрастите на зоните, боите и мотивите во понудата.
- Лесно приспособлив се поигрува со оригиналната двобојна каросерија на која покривот, столбовите и куќиштата на ретровизорите се разликуваат од остатокот од возилото.
- Кога станува збор за иновација, Captur нуди два мултимедијални системи во возилото: MEDIA NAV и Renault R-Link.
- Нуди нови мотори кои истовремено нудат задоволство во возењето, заштеда на гориво, помало испуштање на СО2 и пониски трошоци за користење.
- Плодовите на стручноста на Renault, 35 годишното искуство во Формула 1 и 11 светски титули, современо и исклучително оптимизираните моторни склопови претставуваат спој на новите комплементарни технологии од кои дел доаѓаат директно од светот на трките.
Повеќе информации и фотографии од Renault Captur можете да најдете на веб страната: http://www.renault.mk/novi-vozila/patnicki-vozila/captur/crossover-captur/index.html