10 најлегендарни автомобили

Каков и да е вашиот личен вкус за коли, мора да ве интересира кои се најлегендарните автомобили од последните 25 години. Ако имате задоволство да се...




... повозите со некое од нив, пишете да ни кажете колку е легендарно искуството.

Mazda Miata

10-najlegendarni-avtomobili-mazda-miata

Произведена 1989 година
Дизајнер: Tom Matano
Ова возило стана икона затоа што го освежи пазарот на роадстер автомобили и заживеа дел од автомобилската индустрија што  напредува и ден денес.


Lotus Elise

10-najlegendarni-avtomobili-lotus-elise

Прозведен: 1996 година
Дизајнер: Julian Thomson
Благодарение на екстра лесните и современи материјали возилото е полесно и побрзо отколку другите спортски коли.


Toyota Prius

10-najlegendarni-avtomobili-toyota-prius

Произведена: 1997 година
Дизајнери: Katsuhiko Inatomi и Norio Oseki
Првото успешно распродадено хибридно возило со неверојатна аеродинамика.


Audi TT

10-najlegendarni-avtomobili-audi-tt

Произведено: 1998 година
Дизајнери: J Mays, Freeman Thomas и Martin Smith
Наградуваното ТТ прво го запознавме како купе, а потоа и како роадстер. Неговото беспрекорно заоблено тело го направи инстант дизајнерска класика уште првиот ден кога се појави.


Новата Буба (Volkswagen Beetle)

10-najlegendarni-avtomobili-volkswagen-beetle


Произведена: 1998 година
Дизајнери: J Mays, Freeman Thomas
Популарната Буба во новата верзија задржа дел од стариот добар имиџ - „насмевката“ на предницата, и доби технички подобрувања и преместување на моторот напред.


Pagani Zonda

10-najlegendarni-avtomobili-pagani-zonda

Произведена: 1999 година
Дизајнер: Horacio Pagani
Каква брзина! И луди ретровизори што оваа кола ја направија Бетмобил од вистинскиот живот (Барем животот на оние што можат да платат 1,2 милиони долари).


BMW Z8

10-najlegendarni-avtomobili-bmw-z8

Произведено: 2008 година
Дизајнер: Henrik Fisker
Ова е омаж на класичното BMW од педесеттите години, секако со низа иновативни подобрувања во ентериерот.


MINI Cooper

10-najlegendarni-avtomobili-mini-cooper

Произведен: 2001 година
Дизајнер: Frank Stephenson
Ретро возило кое ги задржа линиите на старите модели, но доби и чудни технички можности што се дел од иднината, а сепак ве возат кон шик времињата од минатото.


Hummer H2

10-najlegendarni-avtomobili-hummer-h2

Произведен: 2002 година
Дизајнер: Wayne Cherry
Ова е заштитен знак на американското лудило по величина и брзина. Инспирирано од воени возила, ова култно возило има наметлив изглед што не може да не предизвика внимание.


Bentley Continental GT

10-najlegendarni-avtomobili-bentley-continental

Произведено: 2003 година
Дизајнер: Dirk van Braeckel
Дизајн што ќе го привлече сечиј поглед и извонредни перформанси на кои ретко кое возило може да им конкурира.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg