ŠKODA ја произведе 4 милионитата Octavia

Четири милиони Octavia модели испорачани се во светски рамки помеѓу 1996 и 2013 година, оваа бројка претставува околу 38% од вкупната продажба на брендот.

skoda-ja-proizvede-4-milionitata-octavia

ŠKODA  ја произведе 4.000.000-тата Octavia. Јубилејното возило, од трета генерација на Octavia, во „Race –Blue“ боја излезе од производната лента на главна фабрика во Млада Болеслав, Република Чешка. ŠKODA Octavia уште од 1996 година има континуиран успех, поставува стандарди во компактната класа и претставува далеку најдобро продаван модел на брендот.

„Четири милиони произведени Октавии  - оваа импресивна бројка претставува голем успех за моделот и за брендот“, изјави извршниот директор на ŠKODA д-р Винфрид Валанд и додаде - Како „Срце на брендот", Octavia храбро го предводеше извонредниот развој на ŠKODA и ја направи компанијата она што е денес - меѓународно успешна, присутна на повеќе од 100 пазари во светот. Ние го продолжуваме овој развој со третата генерација на Octavia. Новата Octavia повторно е победник со своите одлични ŠKODA гени. Ова е до сега најголемата, најлесната, најбезбедната, најпрактичната, најудобната и еколошки најефикасната Octavia".

Octavia отсекогаш била олицетворение на ŠKODA: со својот безвремен елегантен дизајн, натпросечна просторност, највисока функционалност, голем број на „едноставни умни“ карактеристики, софистицирана и модерна технологија, квалитет и прецизност, и на крајот се разбира не помалку важно непобедлив сооднос цена / вредност. Со лансирањето на третата генерација во 2013 година Octavia  повторно ги надмина сите овие карактеристики. Новата Octavia нуди квалитети на лимузина по цена на компактен автомобил.

За време на нејзиното лансирање во октомври 1996 година, Octavia беше првиот комплетно нов ŠKODA модел после падот на железната завеса и го означи почетокот на партнерство помеѓу ŠKODA и Volkswagen. Речиси четири милиони Octavia модели им беа испорачани на клиентите низ целиот свет во периодот помеѓу октомври 1996 и јули 2013 година, што претставува околу 38% од вкупната продажба на брендот, а Octavia стана неприкосновен бестселер во 118-годишната историја на компанијата.

Сето ова ја прави новата Octavia најзначаен ŠKODA модел со најсеопфатната кампања во корпоративната историја на Škoda. Производителот го промовира развојниот пат со моќен екстравагантен модел. Целта на развојната стратегија е во светски рамки да се зголеми бројот на 1,5 милиони продадени возила годишно до 2018 година.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg