Новиот луксузен и моќен Porsche Panamera на жешкиот скопски асфалт!

Само неколку дена по европската премиера на фестивалот на брзината во Гудвуд, престижниот Porsche Panamera од втората генерација пристигна и во Македонија!

noviot-luksuzen-i-moken-porsche-panamera-na-zeskiot-skopski-asfalt-01

Вработените во Porsche Macedonia, како и сите посетители на салонот кои веќе го видоа автомобилот, не останаа рамнодушни на убавецот кој освојува со својот ексклузивен дизајн, моќност на моторот и техничка перфекција, а отсега Porsche Panamera ќе плени погледи и по скопските улици.

Panamera е вистинско олицетворение на се она што  го карактеризира името Porsche во светот на автомобилите - страст, моќ, возбуда, прецизност и престиж. Panamera од втората генерација повторно претставува хармоничен спој на спортски дух и секојдневна практичност, традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, дизајн и функционалност.

noviot-luksuzen-i-moken-porsche-panamera-na-zeskiot-skopski-asfalt-02

Автомобилот импресионира со перфекцијата во деталите и софистицираната технологија, сето тоа завиткано под велот на ултрамодерен дизајн и нов начин на размислување.

Редизајнираната надворешност е инспирирана од новата генерација на Porsche 911 – истакнати линии, нови LED предни светла, поголеми отвори за воздух и заостренa силуета во задниот дел. Оптимирани се системите за безбедност и погодност како радарска контрола на растојание, а новина е и технологијата за препознавање на сообраќајните знаци со помош на радарската камера.

Удобноста ја гарантираат комфорните спортски седишта со можност за греење и вентилација, како и изборот на повеќе бои и видови кожа. Информацискиот систем, навигацијата и системот за озвучување од највисока класа се лесно достапни и прегледни благодарение на големиот екран чувствителен на допир во инструмент таблата и модулите за поврзување со различни периферни уреди.

noviot-luksuzen-i-moken-porsche-panamera-na-zeskiot-skopski-asfalt-04

Под хаубата се забележуваат најголемите промени во однос на претходната генерација. Комплетната палета на втората генерација се состои од 10 модификации. Основниот модел е V6 дизел моторот со 250 КС и забрзување од 0 до 100 km/h за 6,3 секунди, додека топ модел во понудата е верзијата Porsche Panamera Turbo, која може да се нарача и во продолжена верзија - Executive. Моторот е 4.8-литарски V8 мотор со 520 КС, времето за забрзување од 0 до 100 km/h e само 4,2 секунди, а максимална брзина е 305 km/h. Како најекономична верзија во палетата се издвојува и Porsche Panamera S со E-Hybrid и plug-in технологија, синхронизиран електромотор со вкупна моќност од 416 КЅ, максимална брзина од  270 km/h и просечна потрошувачка од само 3,1 l/100 km.

Panamera го прави возењето на голем туристички автомобил поудобно и позабавно, а возењето на лимузина неповторливо динамично, на особена радост на љубителите на висококвалитетните автомобили.

noviot-luksuzen-i-moken-porsche-panamera-na-zeskiot-skopski-asfalt-03

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg