Првиот скутер направен од коноп и лепило
На прв поглед, овој инвентивен скутер изгледа како сосема обично возило. Може да развие брзина од 50 километри на час за седум секунди, има опсег на километража од 60 до 90, а неговата батерија може да биде наполнета со користење на штекер од 220V за само 4 часа.
Уникатно и креативно е тоа што овој мотор е направен од коноп и ленени влакна кои биле претходно потопени во биолошки добиена смола. Резултатот е лесен, подвижен и брз скутер.
Техниката е слична на онаа која се користи при изработка на формула автомобили.
Интересно е што скутерите не се продаваат, туку се издаваат на неделно или месечно ниво. Едно вакво лесно и брзо превозно средство можете да си изнајмите за околу 180 долари месечно, без никакви додатни трошоци.