Најисплатливото доставно возило Mercedes-Benz Citan пристигна во Македонија
Го нарекуваат „Нов херој во градот“ и вистинско решение за сите бизнисмени, претприемачи и сите оние чие деноноќие е исполнето со разни предизвици и случки, каде работното и слободното време постојано се испреплетуваат.
Високата исплатливост во одржувањето на новиот Mercedes-Benz Citan е еден од главните адути на ова возило. Како доказ за тоа се сервисните интервали и нивното чинење. Така на пример, редовниот сервис за одржување се прави на секои 30 илјади километри или на период од 2 години. Замената на ребрастиот ремен е предвидено да биде на изминати 240 илјади километри.
Освен издржливоста на возилото и економската исплатливост за негово одржување, новиот Citan е најмногу препознатлив и по екстремно ниската потрошувачка на гориво.
Всушност потрошувачката на гориво на моделот Citan 108 CDI BlueEFFICIENCY и Citan 109 CDI BlueEFFICIENCY се само 4,3 литри на 100 км (во согласност со NEDC) и тоа го прави за најштедливо возило во својата класа. Но, не само тоа, новиот Citan со овие мотори има најниско ниво на емисија на штетни материи од само 112 g/km CO2.
Новиот Citan е вистински Mercedes-Benz на прв поглед, со впечатлив, и непогрешлив изглед. Карактеристичната предна решетка со сребрена ѕвезда, уникатниот изглед на предните светла и закосениот изглед на предниот капак на моторот, како и јасно исцртаните рабови на возилото.Внатрешната опрема на новиот Citan е исто така произведена со особено внимание и квалитет, како и изработката на нејзината надворешност. Доколку се земат предвид сите дополнителни остави кои се наоѓаат низ целата кабина на возилото, се добива зачудувачки простор од волумен од 77 литри.
Што се однесува до греењето на кабината, сите Citan CDI модели се стандардно опремени со дополнителен електричен грејач за загревање на системот за затоплување на кабината. Тој се вклучува автоматски, во зависност од надворешната температура. Исто така, системот за затоплување е инсталиран и во задниот дел на кабината како опција кај моделот Mixto, а стандардно кај Патничкиот модел.
Новиот Citan е достапен и со мануелен и со полу-автоматски клима уред.
Во новиот Citan, на располагање се 4 типа на мотори:
• Citan 108 CDI, моќност 55 kW (75 кс), со вртежен момент од 180 Nm
• Citan 109 CDI, моќност 66 kW (90 кс), со вртежен момент од 200 Nm
• Citan 111 CDI, моќност 81 kW (110 кс), со вртежен момент од 240 Nm
• Citan 112, моќност 84 kW (114 кс), со вртежен момент од 190 Nm.