Новaтa ŠKODA Octavia пристигна и во Македонија!

Автомобилот освојува со својата атрактивност, уште поголем простор, бројни иновативни решенија, моќни и ефикасни мотори, како и пониска потрошувачка на гориво.

novata-skoda-oktavia-pristigna-i-vo-makedonija-1

Автомобилот прогласен за "Најдобар дизајн на годината" од страна на списанието "AutoDesign & Styling" отсега ќе се вози и на македонскиот асфалт, благодарение на генералниот импортер за ŠKODA - Порше Македонија. Еден од најпродаваните и најпопуларни модели на ŠKODA, овој пат  импресионира со уште поголем простор, иновативна безбедност, уште поелегантен дизајн, висока функционалност, како и бројни „Едноставно паметни" решенија. Идеален за семејни патувања или секојдневно уживање, ŠKODA Octavia овозможува пријатно возење по одлична цена.

Третата генерација на Škoda Octavia е вистинска убавица со комфорен простор за пет патници–должина од 4.7 метри, широчина од 1,8 метри, како и најголем багажен простор во класата со волумен од импресивни 590 литри. Совршените пропорции, највисоката прецизност, јасните и чисти линии најмногу придонесуваат за безвременскиот дизајн кој гарантира дека ова е модел кој ќе биде актуелен и по неколку години. Внатрешноста е надополнета со најмодерни технолошки додатоци, високо-квалитетни материјали, беспрекорна финална изработка и нов мултимедијален систем преку кој можат да се менуваат параметрите на возилото.

novata-skoda-oktavia-pristigna-i-vo-makedonija-3

Признание за високата безбедност на Škoda Octavia се и добиените пет ѕвезди на Euro NCAP тестот, кој потврди дека новата Škoda  има одлична заштита за патниците, одлична заштита за пешаците и има бројни помошни системи за безбедност. Новата Octavia е опременa со дури девет воздушни перничиња, а за прв пат во моделот се вградени и воздушни перници за колена од страна на возачот, што е задолжително за земјите членки на ЕУ, како и странични воздушни перничиња.

Новата Octavia е за 102 кг полесна од претходниот модел, благодарение на новата лесна конструкција, без притоа да се прави компромис со безбедноста на патниците. Понудата на мотори се состои од четири најсовремени TSI турбо бензици (од 1.2, 1.4 и 1.8 литри) и веќе докажаните четири турбо - дизел мотори со Common - rail систем на вбризгување (1.6 и 2.0 литри), а ќе може да се одбере помеѓу рачен или DSG менувач. Во споредба со своите претходници, моторите се многу помоќни и поефикасни, а потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови е намалена за дури 19 проценти. Како најекономична се издвојува GreenLine верзијата, која има потрошувачка од само 3,4 литри гориво на 100 километри и емитува CO2  од само 89 g/km.

Со ова, ŠKODA Octavia е идеален за сите оние кои се во потрага по простран нов автомобил, кој ги комбинира достапната цена и познатиот квалитет на ŠKODA.

Посетете го салонот на Порше Македонија и уживајте со најмодерната Škoda Octavia!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg