Претставен Mercedes CLA во Македонија, најаеродинамичниот автомобил во светот

Новиот Mercedes-Benz CLA, моментно еден од најбараните автомобили во Европа, од денеска ќе биде присутен и на македонските улици.

pretstaven-mercedes-cla-vo-makedonija-najaerodinamicniot-avtomobil-vo-svetot-1

Навистина нетипичен и невообичаен модел на Mercedes, новиот CLA, веќе го нарекуваат вистинска икона во дизајнот на автомобили и побудува огромен интерес не само во Европа туку и ширум светот.

Нескротливиот, како што го опишуваат поради својот спортски и динамичен изглед и перформанси е најаеродинамичен сериски автомобил во светот, со коефициент на отпор на воздухот од само Cd=0,22 и тоа беше еден од најголемите предизвици на инженерите во Mercedes, да креираат возило кое ќе го плени секој поглед и притоа ќе го оддели од останатите со исклучителни перформанси.

pretstaven-mercedes-cla-vo-makedonija-najaerodinamicniot-avtomobil-vo-svetot-2

„Појавувањето на овој модел е само продолжување на новата историја на Mercedes, што значи создавање нови, атрактивни модели со најдобра аеродинамичност, а тоа е дел од глобалната страгегија на Mercedes до 2020 година“, изјави директорот за маркетинг на Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

Како за пример, досега сериските автомобилите со најдобра аеродинамичност имаат коефициент на отпот на воздухот од 0,27 до 0,30. Значење на овој коефициент е повеќекратно, односно поголема ефикасност на моторот во однос на брзината на движење, во намалување на потрошувачката на гориво, како и емисија на штетни материи и подобра целосна управливост.

pretstaven-mercedes-cla-vo-makedonija-najaerodinamicniot-avtomobil-vo-svetot-3

Токму за лесното управување и безбедноста, Mercedes-Benz e единствениот кој ги нуди како станадарден дел од опремата во оваа класа на возило системите ATTENTION ASSIST, кој го предупредува возачот при премореност, како и радарскиот систем COLLISION PREVENTION ASSIST, кој го предупредува возачот преку визуелен или звучен аларм за постоење пречка на патот и притоа овозможува подготвување на  Brake Assist системот за прецизно сопирање.

Кога станува збор за дигиталните уреди без кои денес се повеќе не се може, треба да се истакне дека новиот CLA  располага со врвна технологија. Паметните телефони можат целосно да се интегрираат со оперативниот систем и дисеплејот на возилото.

Бензинските мотори се со зафатнина од 1.6 литри и тоа во две верзии, CLA 180 и CLA 200 со моќност од 122 кс и 156 кс, додека 2.0 литри моторот односно CLA 250 развива 211 кс.

Двата дизелски мотори: CLA 200 CDI е со моќност од 136 кс и вртежен момент од 300 Nm и CLA 220 CDI со 170 кс и вртежен момент од 350 Nm и импресивна потрошувачка на отворено од само 4,5 литри на 100 км, како и емисија од само 109 грама CО2 на изминат километар. Сите мотори стандардно се опремени со ECO старт/стоп функцијата..

pretstaven-mercedes-cla-vo-makedonija-najaerodinamicniot-avtomobil-vo-svetot-4

Почетната цена за бензинскиот модел CLA 180, со зафатнина од 1,6 литри и 122 кс е 28.970 евра. Од дизелските верзии засега ќе се испорачува  CLA 220 CDI, со 170 кс со стандарден 7-степен автоматски менувач.

Димензиите на возилото се. Должина: 4630 мм / ширина 1777 мм / висина 1437 мм.

Инаку, Mercedes-Benz Мак Аутостар, по повод доаѓањето на Нескротливиот – CLA,  организираше натпревар на социјалните интернет мрежи, за најдобра дигитална фотографија, како инспирација на невобичаеното, нексротливото. Оние фотографии кои се навистина невообичаени, ќе бидат дел од дигиталната изложба на фотографии која ќе трае од 3-ти до 6-ти април во салонот на Мак Аутостар.

pretstaven-mercedes-cla-vo-makedonija-najaerodinamicniot-avtomobil-vo-svetot-5

pretstaven-mercedes-cla-vo-makedonija-najaerodinamicniot-avtomobil-vo-svetot-6

pretstaven-mercedes-cla-vo-makedonija-najaerodinamicniot-avtomobil-vo-svetot-7

pretstaven-mercedes-cla-vo-makedonija-najaerodinamicniot-avtomobil-vo-svetot-8

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg