Mitsubishi викендов ги покажа off-road гените

Дожд, кал, помешано со адреналин и многу коњски сили е кус опис на настанот „Mitsubishi off-road 2013“, што се одржа изминатиов викенд на мотокрос патеката во Орман, во организација на Mitsubishi Motors Мак Аутостар.

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-1

„Мошне внимателно го планиравме настанот, бидејќи истиот во основа имаше поставено цел да ги едуцира сите учесници, односно обука за сите оние кои управуваат Mitsubishi SUV возила, да знаат кои се можности и перформанси на возилата и како истите да ги искористат за безбедно и рационално возење“, изјави директорот на маркетинг на Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

Учесници на овој дводневен настан беа вработени од домашна телекомуникациска компанија (Т-Home), кои секојдневно ги користат Mitsubishi возилата во разни екстремни услови, како и други компании и приватни лица, кои освен работно, возилата ги користат едноставно за дополнително да го активираат адреналинот и вистински да се почувствува страста на планиското возење.

„Кога пристигнаа учесниците и кога ја видоа патеката, беа помалку скептични дека истата ќе можат да ја минат со нивните возила. На крајот кога ја минаа патеката со помош на нашите инструктори најмногу ме израдува коментарот – „имавме што да научиме, ова е искуство што долго ќе го паметам“, изјави познатиот долгогодишен авто рели возач и организатот на трки, Димитрие Пеливанов.

Патеката, близу селото Орман, во близина на Скопје, е долга нешто над 1 километар и е подготвена да прикаже разни реални екстремни услови на возење, а земјата ја дробеа моќните модели на Mitsubishi Pajero и L200. На настанот учествуваа околу 100-тина возачи на Mitsubishi возила, Pajero и L200.

„Кога влегов на патеката за миг ме потсети на на екстремните патишта во Латинска Америка кои често ги прикажуваат на интернет...Едно зимо кога го управував моето Мitsubishi L200, се откина тежок кабел за струја и удри во мојот покрив. Неверојатно, но сета ситуација мина дури и без мала грбнатина на возилото...Моето Mitubishi L200 се качува како коза насекаде, но едно зима ме завеа снег. Успеав да се движам со сајла, закачувајќи се од дрво до дрво, но на крајот заглавив, немаше веќе каде. Ме извлекоа со хеликоптер...Сега се уверив зошто долги години Mitsubishi Pajero беше најдобар на релито Дакар, ова е навистина хард возило...“, беа дел од коментарите на дводневната дружба со страствените и професионални возачи на SUV возилата Mitsubishi.

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-2

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-3

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-4

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-5

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-6

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-7

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-8

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-9

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-10

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-11

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-12

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-13

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-14

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-15

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-16

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-17

mitsibushi-vikendov-gi-pokaza-off-road-genite-18

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg