Seat Leon е Автомобил на Годината во Македонија за 2013!

Листата на финалисти беше објавена пред неколку седмици, а го имаме и овогодинешниот победник. Жирито одлучи Автомобил на Годината во Македонија за 2013 да биде токму третата генерација на Seat Leon.

seat-leon-e-avtomobil-na-godinata-vo-makedonija-za-2013

За Leon гласале четворица од шестмината судии, додека двајца гласале за Peugeot 301.

Оваа година по втор пат се избира и SUV на годината. Минатата година победник беше SsangYong Korando а оваа година наградата ја освои Mitsubishi Outlander.

Покрај оваа награда, годинава специјално признание за адекватност на македонскиот пазар ќе добие Peugeot 301.

Колку да потсетиме, кандидатите за оваа година беа:

  • Dacia Lodgy
  • Great Wall Hover H5
  • Kia Optima
  • Mercedes-Benz A-Class
  • Mitsubishi Outlander
  • Peugeot 301
  • Seat Leon
  • Honda Civic


На победниците им честитаме за добиените награди, а на сите кандидати им посакуваме многу успех оваа година и многу продадени автомобили!

извор: carclub.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg