Пет ѕвезди за безбедноста на Škoda Rapid

Пет ѕвезди за безбедноста на ŠKODA Rapid: новиот компактен седан на ŠKODA доби добри оцени на Euro NCAP тестот за високото ниво на безбедност, Euro NCAP потврди ŠKODA Rapid има одлични резултати во делот на заштитата на возрасните патници и децата, заштитата на пешаците како и кај помошните системи за безбедност.

pet-zvezdi-za-bezbednosta-na-skoda-rapid

"ŠKODA Rapid е еден од најбезбедните автомобили во својот сегмент", изјави Френк Велш, член на управниот одбор за технички развој во ŠKODA. "Тестот на Euro NCAP е потврда дека резултатите доаѓаат од независен извор. Нашиот компактен седан е идеален семеен автомобил кој нуди многу простор за пет патници и за нивниот багаж. Тој е функционален, има висок квалитет и е во склад со највисоките безбедносни стандарди", изјави Велш.

ŠKODA Rapid импресионира со експресивен дизајн, одличен сооднос цена / вредност и ефикасни мотори. Тој поставува нови стандарди во компактната класа како просторен, стилски и во исто време прифатлив семеен автомобил. Овој компактен седан им нуди на своите клиенти паметни решенија, напредна технологија, заштеда и сеопфатна заштитна опрема. ŠKODA Rapid ја дополнува гамата на Škoda и се позиционира помеѓу помалата Škoda Fabia и поголемата Škoda Octavia.

Резултатите од тестот на Euro NCAP ги потврдуваат овие факти, заштитата на возрасните патници и на децата е оценета со 5 ѕвезди. "ŠKODA прави автомобили за луѓето. Технологија не е цел сама по себе, таа служи за да се зголеми безбедноста и комфорот на возачот и патниците. Ние сме среќни што Euro NCAP посвети особено внимание на тој аспект ", изјави Велш.

Првата награди на ŠKODA Rapid ги потврди одличните квалитети на автомобилот, повеќе од 110 000 читатели на германскиот специјализиран магазин Auto Zeitung го прогласија компактниот седан за победник во категоријата "најдостапен автомобил". Rapid ја освои и посакуваната награда "Авто Трофеј за 2012 година." А на доделувањето на наградите "Златен волан" во категоријата средна висока класа автомобилот беше меѓу првите три.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg