Масерати низ видеа го прикажа новиот Quattroporte
-->
Италијанскиот производител на луксузни автомобили неодамна го претстави новиот модел на познатата лимузина Quattroporte која како и секогаш блеска од луксуз и италијански престиж.
Иако засега нема официјални податоци за погонот, нека не ве залажува таа убава шасија, бидејќи под неа можно е да се крие V6 ѕвер со 530 или повеќе КС, што на лимузината ќе ѝ даде голем полет.
Масерати овој пат ветува пониска тежина која треба да придонесе за поголема брзина, а помала потрошувачка.
-->