Пристигна Audi Q5 - напредна технологија и дизајн ориентиран кон иднината

Audi Q5 зрачи со својот спортски дух и елеганција.

pristigna-audi-q5-napredna-tehnologija-i-dizajn-orientiran-kon-idninata-1

Го карактеризираат јасни линии, мазни површини, единечна рамка околу решетката за ладење, должина од 4.629 mm и ширина од 1.880 mm, едноставно е невозможно да не привлече внимание. Ги има најдобрите Off road карактеристики во својата класа и линија на покривот карактеристична за купе.

Audi Q5 го комбинира спортскиот дух на седан со интерактивен ентериер и многу практични решенија за секојдневна употреба, рекреација и авантура. Со надградувањето од пред неколку месеци, Audi ги подобри карактеристиките на спортско корисното возило со подобрувања во дизајнот, моторите, севкупниот изглед и системите за помош при возење.

Кај каросеријата и ентериерот на Audi Q5 доминираат спортски пропорции,  особено во пределот околу тркалата, петта врата својствена за семејството Q и покривот кој е остро закосен кај столбовите А и Ц.

pristigna-audi-q5-napredna-tehnologija-i-dizajn-orientiran-kon-idninata-2

Предните седишта електронски се прилагодуваат  и брзо се загреваат и ладат. Достапни се три бои на внатрешноста и три вида ентериер. Внатрешните декорации се во Monometallic платина и Monometallic беж боја, a три дрвени фурнири и алуминиумска варијанта се достапни како опција.

Големиот товарен простор од 540 литри може лесно да се зголеми до 1560 литри, со преклопување на седиштата.

Потрошувачката на гориво, покрај зголемената моќност на моторите, кај обновениот Q5 модел е намалена за 15 проценти. Трите дизел и еден бензински мотор имаат директно вбризгување, турбо-полнач и старт/стоп систем.

Карактеристики на мотори кои се вградуваат:

  • 2.0 TFSI quattro со 165 kW (225 hp)
  • 3.0 TFSI quattro со 200 kW (272 hp)
  • 2.0 TDI со 105 kW (143 hp)
  • 2.0 TDI quattro со 130 kW (177 hp)
  • 3.0 TDI quattro со 180 kW (245 hp)


Четири - цилиндричниот мотор доаѓа со стандарден мануелен менувач. Седум-брзинскиот менувач  S Tronic доаѓа со 3.0 TDI моторот, а е достапен како опција со 2.0 TDI моторот со 130 kW (177 КС). 3.0 TFSI бензинскиот мотор има осум степен Tiptronic менувач, кој е достапен како опција и со 2.0 TFSI моторот. Сите модели освен 2.0 TDI со 105 kW (143 КС) имаат QUATTRO постојан погон на сите тркала.

pristigna-audi-q5-napredna-tehnologija-i-dizajn-orientiran-kon-idninata-3

Aмортизерите, педалите и стабилизаторите кај Audi Q5 се одново штелувани, што го прави  автомобилот повеќе избалансиран од било кога. Петкратната спојка на предната оска одделно може да се справи со надолжните и страничните сили. Новиот серво волан работи со голема ефикасност. Audi Drive, систем за избор на видот на управувањето, го регулира пристапот на воздухот до моторот, карактеристиките на управувачот и начинот на менување брзини со S-Tronic. Две компоненти одат во пар, адаптивниот систем за амортизација и динамичниот управувач. Освежениот Audi Q5, исто така, има свои предности при возење надвор од пат: електронска контрола на стабилноста (ЕSC) и  ABS кој вклучува теренски режим.

Audi Q5 e спортско корисно возило од премиум класата и за моделот достапни се асистенцијата за долги светла, клуч за далечинско управување, три зонскиот автоматски клима уред и панорамски покрив. Од системите за помош на возачот тука се темпоматот,  системот за движење во лента и паркинг системот.

pristigna-audi-q5-napredna-tehnologija-i-dizajn-orientiran-kon-idninata-4

Новиот, надградениот Q5 има широк спектар на опции кај забавно -информативниот систем.  Моделот може да се пофали со звучниот систем од брендот Bang & Olufsen, MMI навигацијата плус и  онлајн телефонот со Bluetooth кој совршено се надополнува. Интегрираниот WLAN hot spot им овозможува на патниците да се приклучат на интернет и да ја проверуваат својата e - пошта преку мобилните уреди. За возачот, системот обезбедува прилагодени онлајн услуги Audi.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg