Раскошна Буба од ковано железо
Првата Буба од ковано железо е изградена уште во 1968-ма година во Мексико и била прикажана на Олимписките игри истата година.
Уникатни текстури и шари и уникатни мотиви се она што го прави овој автомобил поразличен од сите останати.
Раскошот со кој оваа Буба е доста препознатлива е всушност генијална идеја на хрватска компанија која изработува врати и огради од ковано железо. Нивната реклама е поразлична и идеална.
Употребени се и материјали како 24-каратно злато и вистинска кожа за ентериерот. Времето за изработка на една ваква Буба е ни помалку, ни повеќе – точно 4 месеци.
На оригиналните 820 килограми, кованото железо на овој автомобил му додава уште плус 70 килограми.
Интересен проект и досега невиден начин на реклама.