Со овa ќе ги бркаат криминалците во Америка
-->
Dodge Charger Pursuit е новиот теренец на американската полиција кој сега збогатен со погон на сите четири тркала ќе им послужи на Американците да бркаат криминалци по лош или снежен терен.
Пред тоа, Charger Pursuit беше достапен само со погон на задните тркала, па затоа откако го доби погонот 4 х 4 ги победи другите конкуренти за оваа позиција, како Chevrolet Caprice и Ford Taurus.
-->
Новото Charger AWD полициско возило ќе биде опремено со V8 мотор, од околу 3 литри зафатнина, но другите детали засега се непознати.
Исто така, производителот најави најниска потрошувачка на гориво за овој вид на возила – но, и ова не е поткрепено со информации.