Новата А-Class на Mercedes пристигна во Македонија
Новата А-класа на Mercedes тукушто ја имаше својата Македонска премиера пред автомобилските новинари.
Како и секогаш, и овој пат импортерот на Mercedes-Benz за Македонија – Мак Ауто Стар – експресно го донесе најновиот член на семејството на Mercedes во Македонија.
Новата А-класа нуди исклучително спортски дизајн, кој нам уште на прв поглед ни се допадна.
Презентацијата дополнително ја збогати и присуството на младиот Славче Таневски, Македонскиот дизајнер кој е дел од дизајн студиото на Мерцедес и имаше удел во дизајнирањето на новата A-Class.
Во атмосфера каква што прилега на еден ваков автомобил, ја имавме шансата одблизу да го погледнеме и да ги разгледаме сите интересни детали.
Цената за овој компакт од највисоката класа започнува од 22.950 евра.
извор: carclub.mk