Вака ќе изгледа новиот Golf 7

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-1

Ви ги пренесуваме првите фотографии од новиот Volkswagen Golf 7! Сликите се појавија на Интернет неколку часа пред неговото официјално преставување.

Дизајнот на седмата генерација е еволуција на досегашните дизајни, без екстремни девијации во дизајнерската насока.

Веќе знаеме многу за новиот Golf – знаеме дека тој ќе биде 4255 милиметри долг, 1799 милиметри широк и 1452 милиметри висок. Новина се новите мотори, но најважниот новитет е новата MQB платформа на која тој е базиран. Новата платформа носи намалена тежина – се очекува новиот Golf да биде околу 90 килограми полесен од шесттата генерација.

Како што напоменавме, новина се новите TSI и TDI мотори, кои добиваат мало зголемување на силата, но имаат многу нови доработки кои покрај тоа што ги прават помоќни, ги прават и поекономични.

Се очекува дека потрошувачката ќе се намали за неверојатни 23% во однос на претходниот модел, благодарение на освежените мотори и екстра-лесната MQB платформа.

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-2

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-3

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-4

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-5

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-6

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-7

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-8

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-9

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-10

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-11

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-12

vaka-kje-izgleda-noviot-golf-7-13

извор: carclub.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg