Како не треба да возите BMW M3 (видео)

kako-ne-treba-da-vozite-bmw-m3-video

Точно е дека сите возачи со поголемо количество на адреналин во себе сакаат да ги изразат своите „возачки способности“, но еве видео во кое еден млад дечко ни покажува како работите знаат да излезат надвор од контрола.

Дечкото си пронашол напуштен пат, некаде низ пустините на американската држава Аризона, па решил да лудува малку со своето E46 BMW M3.

Тоа и ќе беше во ред да не излеташе од патот и да не си го искршеше автомобилот по стрмни камења и да не му се отвореше воздушното перниче кое на таков автомобил чини доста за да се врати во првобитната положба.

За среќа, шоферот не е повреден.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg