Официјално: Opel Astra Sedan

oficijalno-opel-astra-sedan-povekjeПокрај хечбек верзијата со пет врати, караванската изведба и GTC купе верзијата на Astra, во понудата доаѓа и комплетно новата Astra Sedan.


Според Opel, спортско-елегантната лимузина нуди многу предности пред конкурентите.

Типичните карактеристики на Astra, напредната технологија и нејзиниот препознатлив квалитет треба да бидат главниот адут на новата Astra Sedan.

Продажбата стартува во јуни, а купувачите уште на самиот старт ќе имаат голем избор на мотори.

Во понудата се вкупно седум мотори меѓу кои четири бензинци (најмалиот со 100 КС, а најголемиот со 180 КС) и три дизел мотори (од 95 КС до 130 КС).

Двата штедливи 1.7 CDTI ecoFLEX мотори со 110 КС и 130КС се исто така во понудата.

Подоцна се очекува во понудата да се најде и новиот 1.6 SIDI ECOTEC бензински мотор со турбо полнач.

oficijalno-opel-astra-sedan-1

oficijalno-opel-astra-sedan-2

oficijalno-opel-astra-sedan-3

oficijalno-opel-astra-sedan-4

oficijalno-opel-astra-sedan-5

oficijalno-opel-astra-sedan-6

извор: carclub.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg