Peugeot 301 – нова компактна лимузина

peugeot-301-nova-kompaktna-limuzina-povekjeНовата лимузина со ознака 301 е обидот на Peugeot да освои широк спектар на купувачи, кои сакаат лимузина со „,многу простор“, но и пристојна елеганција.


301 е изработен по најмодерниот кодекс кој го диктира светскиот тренд за дизајн, но истовремено лимузината има карактер кој ќе им одговара на сите временски услови (топла или ладна земја, нерамни патишта, силни дождови...).

Со должина од 4,44 мм, неговата архитектура значи дека 301 е чекор пред другите конкуренти во својот сегменд: најголемо меѓуосовинско растојание од 2,65 m, багажен простор од дури 506 dm3, а ништо помалку не изостанува и безбедноста достапна уште при основниот модел (ESP, ABS, до 4 воздушни пернилиња, BAS, ISOFIX и сл.).

Понудата на изведби со бензински и дизел мотори, приспособени за целните пазари, се однесува на мотори кои се движат од 71 до 116 КС кобинирани со рачен или автоматски пренос:

1.2 l VTi 52 kW (71 КС) со рачен и автоматски менувач
1.6 l HDi 68 kW (92 КС) со рачен менувач
1.6 l VTi 85 kW (116 KС) со рачен и автоматски менувач

Моделот 301 ќе се произведува во европската фабрика во Вага (Шпанија), а светската премиера ќе се одржи во Париз.

peugeot-301-nova-kompaktna-limuzina-1

peugeot-301-nova-kompaktna-limuzina-2

peugeot-301-nova-kompaktna-limuzina-3

peugeot-301-nova-kompaktna-limuzina-4

peugeot-301-nova-kompaktna-limuzina-5

peugeot-301-nova-kompaktna-limuzina-6

Подготвил: В.Ѓ.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg