Најбрзиот Mini Cooper
Голем во перформанси, но мал по број, новиот Mini John Cooper Works GP е најбрзиот Mini автомобил на сите времиња. Најспортскиот Mini наменет за...
...градските патишта ќе излезе во продажба при крајот на оваа година во ограничена серија од 2,000 возила.
За време на неговото тестирање на тркачката патека Nürburgring е постигнат импресивен најбрз круг од 8 минути и 23 секунди, што го прави за цели 18 секунди побрз од претходната генерација.
Британската компанија сеуште нема објавено колкава количина на сила се наоѓа под хаубата на втората генерација на JCW GP, но се зборува дека 1.6 литарскиот мотор е засилен да испорачува некаде помеѓу 220-230 коњски сили.
Mini соопштува дека целата шасија е надоградена со прилагодлива спортска суспензија, лесни алуминиумски бандажи со четири краци, тркачки сопирачки и гуми, плус нови аеродинамични делови како поголем преден и заден браник, спортски странични прагови и кровен спојлер, како и ново развиен заден дифузер.
Покрај хечбек верзијата, се шпекулира GP верзија од Mini Coupe, која би требало да биде откриена на почетокот од 2013.
извор: carclub.mk