BMW X1 го доби својот фејслифт
Баварците го претставија освежувањето на најмалиот SUV во својата понуда. BMW X1 го доби својот фејслифт, па да видиме што сè е освежено кај него...
Надворешниот дизајн претрпе минимални промени на предниот браник и предната светлосна група, додека новите ретровизори, освежувањето на задните светла и измените на задниот браник го заокружуваат надворешното затегнување на брчките.
За поагресивен и поспортски изглед на X1 задолжени се новите xLine и Sport Line пакети заедно со легендариот M пакет на BMW.
xLine пакетот содржи нов боди кит со поагресивни браници и сет од 18-инчни бандажи, додека Sport Line пакетот исто така содржи нов боди кит но со акцент ставен на спортскиот изглед.
За моќноста и моторите во понудата на Европскиот пазар сè уште не се објавени податоци додека TwinPower Turbo 3.0 литарскиот мотор со 300 КС и 406 Nm вртежен момент е задолжен да го придвижува X1 на Северно-Американското тло.
извор: carclub.mk