Фолксваген Пасат R-Line
Меѓу Volkswagen-овите модели со R-Line пакетот сега се наоѓа и Passat, во Sedan и Variant верзиите. R-Line верзиите на Passat Sedan и Variant се...
...позиционирани помеѓу средното ниво на опременост “Comfortline” и највисокото “Highline”.
Накратко, Passat R-Line се истакнува со R-Line браници, сет прагови, заден дифузер, спојлер на багажникот кај седанот (заден кровен спојлер кај Variant), потоа тука се и маската со R логото, хромирани издувни цевки, спортски седишта со R лого, мултифункционален кожен волан со зарамнет долен дел и педали од не’рѓосувачки челик.
Изгледот е комплетиран со 17-инчни Mallory алуминиумски бандажи (како опција може да се нарачаат и 18-инчни) обвиени со гуми во големина од 235, додека пак Variant моделот добива и сребрени кровни шини.
И двете верзии се опремени со спортски дотерана суспензија која ја намалува височината на возење за 15 mm.
извор: carclub.mk