Фолксваген Амарок - нескротливиот волк меѓу теренците

folksvagen-amarok-neskrotliviot-volk-megu-terencite-povekjeФолксваген Амарок - еден од најмоќните теренски возила во светот, неколку месеци е достапен и во Македонија, благодарение на генералниот импортер Порше Македонија.


Ова возило гордо ја носи титулата „прв европски теренец”, и претставува синоним за моќност и импресивен квалитет, со највисоки безбедносни стандарди.

Откако беше претставен минатата година, возилото доживеа голема популарност во светот и кај нас. Со должина од 5,25 метри и ниска потрошувачка од само 7,5 литри гориво, „Амарок“ е направен така за да се справи во различни услови и да стигне на местата каде што другите возила не можат да стигнат. Спојот на теренско возило и пикап, со луксузна внатрешна опременост и завиден комфор, е вистинскиот избор за сите авантуристи што сакаат да ги скротат и најдивите предели.

folksvagen-amarok-neskrotliviot-volk-megu-terencite-2

Но, Фолксваген Комерцијални возила не застанаа тука со иновациите и изненадувањата за љубителите на теренски возила. На автомобилскиот саем во Женева, брендот Volkswagen Комерцијални возила ја презентираа екстремната верзија на Амарок - Амарок Кањон.

Специјално дизајниран за популарниот спорт „кајак во слободен стил", сите аспекти на ова возило ги задоволуват барањата на овој екстремен воден спорт - од додатоците во внатрешноста до товарниот мотор. Благодарение на off-road можностите, овој Амарок пикап може да ги достигне и најтешко пристапните кањони.

folksvagen-amarok-neskrotliviot-volk-megu-terencite-1

Автомобилот поседува силен мотор 2.0 TDI Biturbo мотор со 132 kW / 180 КС, кој обезбедува максимална моќност од 400 Nm помеѓу 1 500 и 2 250 вртежи во минута. Преку системот 4MOTION возилото има погон на сите тркала, а заедно со редукторот и блокадата на диференцијалот на задната оска - обезбедува ефективен трансфер на моќта дури и при најтешките off-road услови. Со овие предности, возилото е создадено за најтешки предизвици и идеално за сите спортски ентузијасти.

Исто така, беше дизајнирана и втора верзија на пикапот Амарок, овојпат со единечна кабина.

По успешното светско претставување на пикапот Амарок со двојна кабина, инженерите од Фолксваген комерцијалните возила, напорно работеа и го дизајнираа Амарок со единечна кабина – идеален пикап за работа при тешки услови и со продолжена товарна површина (65 cm подолга од возилото со двојна кабина) за поголемо оптоварување.

folksvagen-amarok-neskrotliviot-volk-megu-terencite-3

Овој Амарок е класичен „вреден работник“ меѓу пикапите, со извонредни безбедносни стандарди и ниска потрошувачка на гориво, наменет за работа при тешки услови на работа во индустријата, градежништвото и земјоделството. Оваа варијанта на возилото сега се продава на германскиот пазар, а се очекува да пристигне во Македонија кон средината на 2012 година.

Оваа година, трет пат по ред, Фолксваген комерцијалните возила беа официјални возила за потребите на организацијата на релито Дакар 2012, кој важи за еден од најтешките мото-спорт настани во светот.

folksvagen-amarok-neskrotliviot-volk-megu-terencite-4

За овој предизвикувачки настан, каде најновите возила се тестираат при екстремни услови, Фолксваген Комерцијални возила обезбедија флота за поддршка, меѓу кои и 30 возила Амарок, вклучувајќи ги и новите модели кои се појавија по прв пат: со автоматски менувач и со единична кабина, како и Crafter 4MOTION со погон на четири тркала.

Долгиот пат од 9000 километри, многубројните предизвици и различните климатски зони беа одличен тест за моќноста и агилноста на теренците Амарок.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg