Не за новото BMW Z4
Како што велат написите во iMotor, светската финансиска криза однела уште една “жртва“. Од BMW известуваат дека нема да ја произведуваат...
...М-изведбата на новото Z4.
На негово место, Баварците за да креираат подобри перформанси ќе се користат со софтверски унапредувања.
Исто така се споменува и М-пакетот, опрема која би вклучувала нов аеродинамички кит, поголеми фелни и управувач за посигурна возна особина.
Од М-моделот Z4 наводно се откажале затоа што на пазарот во актуелната ситуација, не му е потребен таков жесток автомобил.
Збунува единствено тоа што BMW, по завршувањето на кризата, одлучиле да произведат М модели X5 и X6, нo причината за ова решение лежи во тоа што овие автомобили добиле зелено светло за почеток на производството одамна пред да започне економската криза.