Жените избраа: Најдобри коли за 2012
Читателките на веб-страната VroomGirls ги избраа најдобрите коли за 2012 година, а нивните разновидни фаворити уште еднаш покажаа дека поделбата...
...на машки и женски коли е смешна. Сѐ се сведува на личниот вкус и животен стил, а никако на разликите скриени меѓу нозете :)
За мајки - Toyota Camry - Просторна и удобна за возење и големи и мали деца
За градски авантуристки - Volkswagen Beetle - Освен што е преслатка, новата Буба е и изненадувачки пространа
За авантури во природа - Range Rover Evoque - За викенди во планина и долги возења во сите временски услови
Награда по напорната работа - Audi A7 - Жените сметаат дека ова е најсекси од сите прекрасни модели на Audi
За економичните - Hyundai Veloster - Забавна и практична, а не троши многу!
По цел ден во кола - Kia Sorrento - Шик, безбедна и со прифатлива цена
За еколошки освестените - BMW ActivE - Конечно електрична кола што навистина личи на кола
За еко-футуристи - Nissan Leaf - Некои и не сакаат да возат нешто што личи на сосем обична кола
За еколошки освестените практични умови - Chevrolet Volt - Електричен мотор доволно моќен за 55km, а ако треба да продолжите тука е „обичниот“ бензинец што нема да ве остави на цедило
За низ град - Fiat 500 - Мало пакување и паркирањето во град веќе не е голем проблем!
Која е вашата неизвозена желба?