Уникатни Шкода олдтајмери изложени во Париз

unikatni-skoda-oldtajmeri-izlozeni-vo-pariz-povekjeНа престижниот саем "Salon Retro Mobile", кој се одржа од 1-ви до 5-ти Февруари 2012 година во Париз, беа изложени скапоцени експонати од...


...музејот на Škoda Auto. Во центарот на вниманието беа пет историски ŠKODA автомобили, мотоцикл и тркачки велосипед.

ŠKODA, еден од најстарите производители на автомобили во светот со богато минато и не може да не учествува на една од најпознатите изложби за олдтајмери во светот. Како што и доликува на една компанија со 117-годишна историја, ŠKODA повторно е во Париз со збирка на историски автомобили. Најстариот, а во исто време и највредниот експонат е ŠKODA Hispano Suiza од 1928 година, кој беше придвижан со шест цилиндричен мотор, поставен во линија, со работна зафатнина од 6,654 кубни сантиметри и моќност од 100 КС.

unikatni-skoda-oldtajmeri-izlozeni-vo-pariz-1

Škoda го претстави своето производство од пред првата светска војна со три автомобили во салата 3: таму беше и популарната елегантно аеродинамична ŠKODA Монте Карло и втората генерација ŠKODA  Rapid, чија единствена спортска каросерија е направена по нарачка на клиент и се карактеризира со уникатен „Kottal" електромагнетен пренос. Двата автомобили имаат ист четири – цилиндричен мотор со работна зафатнина од 1386 кубни сантиметри и моќност од 30 КС, а истите  биле произведени во 1937 година. Третиот автомобил од 1930-тите е грандиозниот ŠKODA Superb 3000 OHV (тип 924). Произведен во 1939 година, има шест - цилиндричен мотор по линија како и ŠKODA Hispano Suiza но со зафатнина од 3137 кубни сантиметри. Моделот Škoda Superb 3000 OHV има 85 КС.

unikatni-skoda-oldtajmeri-izlozeni-vo-pariz-2

Една збирка именувана како "јангтајмери", со модел произведен во 1961 година: Skoda Felicia (тип 994), со 1.089 кубни сантиметри моторот кој генерира 50 КС. Оваа мала збирка на историски модели од колекцијата на музејот Škoda Auto се заокружува со мотоциклот Laurin & Klement CCD кој датира од 1906 година. Во тоа време само 675 примероци биле произведени од моделот CCD. На изложбата претставен беше и тркачкиот велосипед Laurin & Klement Slavia, дополнително реконструиран со оригиналните делови. Историски производството на велосипеди датира од 1900 година.

Оваа година експонатите се разликуваат од минатата година, кога беа изложени легендарниот Voiturette A von од 1906 и тркачкиот автомобил од 1958 година ŠKODA 1100 OHC. На тој начин, посетителите се запознаваат со повеќе атрактивни модели од скапоцена колекција на Škoda.

"Salon Retro Mobile" е престижен и важен настан, затоа ние посветуваме големо внимание при избор на возилата кои се изложуваат. Се надеваме дека бевме во можност да ги запознаеме посетителите со уште еден дел од нашата корпоративна историја ", изјави Ева Тицова, шеф на работилница за реставрација при музејот на Škoda Auto. "Salon Retro Mobile" ги пречекува љубителите на олдтајмери веќе 37 години. Во 2012 година, изложбата е проширена во три сали со цел да се сместат повеќе од 350 изложувачи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg