Шарено Порше
-->
Иако е зима не значи дека не може да си фантазираме за топли летни денови и да си замислуваме возење кон некоја плажа во шарено весело Порше.
Miguel Paredes, уметник кој ужива да си игра со бои и форми инспирирани од поп артот, го обои ова Порше 911.
Шарите се спој на графити дизајн и јапонски дух, па на хаубата може да се забележи и замислена гејша.
-->
Не знаеме кога ќе биде ставено на продажба, но во секој случај уникатниот модел ќе отиде кај некој скромен колекционер :)
-->
-->
-->
За што би се одличиле кога би можеле да бирате? Еднобојно или психоделично шарено Порше?
-->