На релито во Дакар ќе се вози Амарок
По трет пат, Volkswagen Комерцијални возила се официјални возила за поддршка на релито Дакар и тоа со 30 возила Амарок, 8 Multivan PanAmericana...
...и Crafter 4MOTION со погон на сите тркала од Achleitner се предадени на организациониот тим на Amaury Sport Organisation (A.S.O.).
На денот кој што e предвиден за одмор, ден кога учесниците на релито можат да се одморат, пристигнуваат важни гости: легенда на формула еден Jacky Ickx ќе им покаже на рок ѕвездата Rudolf Schenker од групата Scorpions и боксерскиот светски првак Dariusz Michalczewski како се справува со Амарок со автоматски менувач во off-road услови. Во меѓувреме, сурферите Bjoern Dunkerbeck, Klaas Voget и Robby Swift ќе одат со Crafter 4MOTION во пустината Атакама за да сурфаат на дините.
За време на релито Дакар, од 1 до 15 јануари, учесниците од целиот свет ќе се возат речиси 9.000 километри низ Аргентина, Чиле и Перу.
Стартот оваа година ќе биде во Мар Дел Плата во Аргентина, а целта ќе биде во Лима. Во текот на последните три години во Буенос Аирес беше стартот и целта на ова рели, кое се оценува како најтешко рели натпреварување во светот.
Амарок, Multivan и Crafter 4MOTION со погон на четири тркала од Achleitner ќе се соочат со уште еден тежок тест за време на релито. Како официјални возила на релито, тие мора да бидат способни да се справат со секоја жестока препрека со која ќе се соочат - од Атлантикот до Пацификот, преку пустината Атакама, Андите, кањоните и различните климатски зони.
„Ние сме многу среќни што ќе бидеме дел од релито со Volkswagen Комерцијални Возила, ние ќе си играме со дините возејќи Амарок со автоматски менувач“, изјави Rudolf Schenker.