Пристигнуваат и автомобили со екран на допир

pristignuvaat-i-avtomobili-so-ekran-na-dopir-povekjeАвтомобилската индустрија би можела да тргне во потполно нов, револуционерен пат, откако Тојота го претстави дизајнот заради кои класичните...


...автомобилски каросерии може да станат минато.

Fun-Vii, скратено од "vehicle interactive internet", е концепт на автомобил чија каросерија е направена од интерактивни плочи чувствителни на допир, што овозможува комплетна промена на изгледот на автомобилот.

На интерактивните плочи можете да сурфате и на интернет. Освен тоа, автомобилот може да го поздрави сопственикот со порака по желба.

Автомобилите мора да се прилагодат на нашите емоции. Ако не се забавни, тогаш тие не се автомобили“ – изјавил претседателот на Тојота, Акио Тојода.

Јапонскиот производител засега не планира да го стави овој концепт во производство, но напоменува дека ова е пример на технологија која Тојота би можела да ја вклучи во идните модели.

pristignuvaat-i-avtomobili-so-ekran-na-dopir-1

pristignuvaat-i-avtomobili-so-ekran-na-dopir-2

pristignuvaat-i-avtomobili-so-ekran-na-dopir-3

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg