Пристигна новиот теренец Audi Q3

pristigna-noviot-terenec-audi-q3-povekjeКомпактниот теренец Audi Q3 пристигна во салоните на Porsche Македонија. Неговата промоција за македонскиот пазар се случи на 24 ноември во...


...салонот на Audi во Скопје. Присутните имаа можност и одблизу да се запознаат со новиот модел кој ги плени со својот агресивен и динамичен изглед.

Со новиот модел Audi влегува во еден нов сегмент, создавајќи премиум SUV кој е значително покомпактен од поголемите браќа Q5 и Q7. Препознатлив е по впечатливиот дизајн и робусниот, а сепак елегантен настап. Тој е компактен однадвор, но изненадувачки простран и комфорен одвнатре. Audi Q3 претставува спортско и ефикасно трендсетерско возило, кое ги користи најсовремените системи за помош, информирање и забава на возачот.

pristigna-noviot-terenec-audi-q3-1

Ние во Porsche Македонија веруваме дека среќните и задоволни клиенти се единствената гаранција за успех. Поради тоа, во рекорден период и веднаш по стартот на продажбата во Европа, Porsche Македонија го донесе новото Audi Q3. Ве поканувам да го погледнете нашиот најмлад Audi, и да се уверите во неверојатните способности на Audi Q3.” изјави г-нот Златко Муцунски, генералниот директор на Porsche Македонија

Во Q3 има многу решенија преземени од највисоките класи на возила: Bose surround систем со 14 звучници и MMI плус систем за навигација. Може да се користи 3G за пренос на податоци како и WLAN. Достапен е во 12 различни бои на каросеријата и во пет различни нивоа на опрема. S-line, пакетот на опрема е дизајниран за сите оние кои сакаат понагласени спортски карактеристики на возилото.

pristigna-noviot-terenec-audi-q3-2

Доколку сакате подетално да се запознаете со автомобилот или сакате да закажете тест возење повелете во салонот на Audi во Скопје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg