Совршениот мал, но просторен - Volkswagen UP
Volkswagen up! е мал автомобил, но е навистина просторен. Обид за светски рекорд: 16 вработени од Volkswagen влегоа во up! Најмалиот Volkswagen...
...новиот up! е многу просторен автомобил. За да ја докажат оваа теза, вработените во Volkswagen комуникации направија обид за неофицијален светски рекорд.
Резултатите се следниве: не само што е можно четири лица удобно да седат во новиот up! при нормална употреба на автомобилот – но ако навистина вложите напор, многу повеќе луѓе можат да се сместат во автомобилот: 15 жени и еден маж се стиснаа во кабината Volkswagen up!. Но, тие признаа дека тоа не беше многу удобно.
Двајца се сместија во багажникот, еден над контролната табла, седум на задната клупа, четворица на предните седишта, двајца во просторот за нозете – потоа беа затворени вратите и прозорците. Светски рекорд! 16 лица во новиот up! Целта на овој обид не беше удобноста туку добрата забава.
Ваквите обиди за светски рекорд имаат долга традиција: Наназад во педесеттите години од минатиот век беше екстремно популарно колку што е можно повеќе луѓе да влезат во телефонска говорница – а во тие времиња беше многу лесно да се најде таков објект.
Но, што е телефонска говорница во споредба со VW Буба? На автомобилската средба во Австралија, 17 пријатели спонтано одлучија да се сместат во оваа икона на Volkswagen. Во 2010 година, 20 лица - кои очигледно имаа исклучително високо ниво на толеранција -во Влимур Кентаки (САД), се впишаа во Гинисовата книга на рекорди. Секако, обиди беа направени и со следниот модел.
Во јануари 2001 година, 27 студенти од САД влегоа во новата Бува и поставија нов рекорд. Сега, во 2011 година, го имаме up! - Еден за сите! Добро е што при првиот обид најмалку 16 луѓе успеаја. Со 3,54 метри должина, 1,64 метри ширина, up! е еден од најмалите автомобили со четири седишта.
Лансирањето на пазарот ќе се случи на 2 декември 2011 година, а клиентите ќе можат да поставуваат нови рекорди.