Мехмет од пехчевско чува птици грабливки: „Ова хоби ме оддалечува од пороците, секој ден поминувам по 5 часа со нив“
За да се чуваат птици грабливки, неопходно е да имате обезбедено повеќе услови.
Мехмет вели дека многу е важно прво да се има знаење, а потоа да се обезбеди здрава храна, ракавица за соколарство, волиера (кафез според прописи), квалитетна кожа за додатна опрема, телеметрија или ГПС и ѕвонци.
„Љубовта за соколарството ја добив од другар ми, Слободан Марков кој од мали нозе ја добил од чичко му. Зборувајќи со него за птиците грабливки почнав да истражувам и сфатив дека сум опкружен со многу видови грабливки кои се и многу ретки“ – вели тој.
Мехмет додека се грижел за 4-те птици и вели дека со нив немал ниту една лоша или непријатна случка, но по пуштањето на првата птица му се случило луѓе повторно да ја повредат, па да мора повторно да ја лекува и да бара нова локација за да ја пушти.
Тој открива дека во периодот кога се грижел за грабливките, морал да им посвети од 3-5 часа внимание дневно, при што посветувал внимание на хигиената, тренингот и летањето.
„Бараат доста внимание, па така самата птица те изолира од пороци и те учи на нејзиниот живот - ти учиш од неа, а таа те само слуша ако работиш по прописи. Соколарството не е едноставно како што изгледа - треба труд и љубов да се стане соколар“ – вели Мемет за крај.
Б. С. Б. | Црнобело