Ленче Манова: „Имав 39 години и бев на работ од смртта, пријател ми донираше дел од својот црн дроб и втор живот“
Имаше ли Киро некакви последици по здравјето? Колку време закрепнуваше?
Кире немаше никакви последици по своето здравје, а нема ни до ден денес.
Неговото закрепнување траеше 4 месеци.
Дали твоето тело веднаш го прифати органот, како изгледаше твојот процес на закрепнување?
Да телото лесно ми го прифати органот. Закрепнувањето кај мене траеше малку подолго, сè додека се стабилизира поминаа повеќе месеци од Кире, па можам да кажам дури и 2 години.
Денес примаш ли некаква терапија?
Да, секој трансплантиран пациент прима имуносупресивна терапија, која е пропратена и со додатни лекови, зависи од видот на болеста и од самиот пациент, оваа терапија се пие до крајот на животот.
Зошто донирањето на органи треба да престане да биде табу тема?
Па, мислам дека донирањето не треба да биде табу тема бидејќи со секоја одлука на жив донор се продолжува нечиј живот и мислам дека органо дарителството треба што повеќе да биде проширено и организирано.
Колку често комуницираш и се гледаш со Киро? Во какви односи сте?
Често комуницираме и се гледаме и посетуваме. Вистински пријатели сме.
Зошто ќе му бидеш вечно благодарна?
Вечно благодарна затоа што ми даде живот, втор живот да живеам. Благодарноста за тоа што го направи Кире за мене не може да се измери и каже со ништо.
Сето тоа е голема храброст, смелост, зрелост што еден човек како него ја поседува.
Во последно време се прават историски трансплантации на органи во Македонија... Колку ги следиш овие вести?
Да, ги следам и пратам денешните трансплантации и тоа претставува еден голем чекор за нашето здравство колку е добро за нас пациентите уште подобро е и за нашата држава, така што секоја чест за сите што учествуваат во нив.
Веруваш ли во хуманоста повеќе по делото на Киро?
Па да, таа верба што ја носам во себе ми го прати Кире како мој херој спасител.
Верувам и во таквата реткост на луѓе кои сè уште некаде постојат.
Што би им порачала на сите кои се двоумат околу оваа тема?
Доколку се храбри нема да се двоумат како Кире и додека се следат неговите чекори ќе има спас и за такви пациенти, за кои единствен спас е донирањето орган.
Така што следете го Кире и Господ кој си ги знае патиштата на секој оној што дава за спас на еден живот. Давајте за да добиете!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело