Дарко Ангеловски, пожарникар и одбојкар: „Опремата ни тежи 20kg, во случај на пожар ставете влажна крпа на лицето“

Возењето со противпожарно возило низ скопските улици е…

Адреналинско пред сè и, за среќа, најчесто брзо се стигнува до дестинацијата.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-13.jpg

Кои се најчестите причини за избувнување на пожари?

Човекот е најголем фактор за пожарите. Дефинитивно!

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-12.jpg

Најдобрата страна на професијата и најлошата страна на професијата…

Хуманоста во работата што ја пружа професијата, а најлоша не дај Боже некоја несакана повреда.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-17.jpg

Колку е тешко да се ракува со цревото со огромен млаз вода?

Да се навратам затоа и се вежба, но за гасење на пожар не треба многу огромен млаз, туку доволен за да може еден пожарникар да ракува, а вториот што е зад него да му помага.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-19.jpg

Колку најдолго траела некоја акција за гасење пожар од која си бил дел?

Го напоменав шумскиот пожар, околу 5-6 часа, а во едно селско подрачје имавме околу 4 часа акција.

Дали имаш кондициски тренинзи секојдневно?

Да и тоа некогаш и по двапати во ден поради потреба од спремност на работа и спремност во спортот, да напоменам сите колеги ја одржуваат кондицијата затоа што професијата си го бара тоа да го имаш во себе.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-21.jpg

Опремата на еден пожарникар се сочинува од…

Опрема за затворени простории вклучува: чизми, шлем, ракавици, изолациски апарат, маска за дишење преку апаратот и опремата е потешка од 20 килограми.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-09.jpg

На што си најмногу горд?

Горд на самиот себе пред сè, горд на успесите што се зад мене.

Среќен сум што сум опкружен со едни од најдобрите колеги и горд на родителите што ме скроиле ваков.

Кога мислиш на цртаниот филм „Пожарникарот Сем“, дали те има делумно инспирирано за оваа професија?

Иако имам мустаќи, не ми бил инспирација дури и не сум го гледал многу. Другари пријатели ме споредуваат ама сами знаат дека не е така.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-11.jpg

Да се биде пожарникар значи да се биде…

Смирен, трезвен, физички спремен, тимски играч (поточно да слушаш наредби) и да бидеш добар човек.

Совет за луѓето во случај на пожар…

Да не се паничи и ако е во почетна фаза може секој да го сопре ширењето на оганот, но ако се соочат со поголема фаза од почетната, само да пробаат да се евакуираат, а ако се заробени во затворена просторија да стават влажна крпа на лице и пожарникарите ќе пристигнат.

Скопјани чувајте се и бидете совесни доаѓа зима, проверувајте ги грејните тела и повеќе пати ако треба.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Дарко Коцев (29) е гајдаџија во Германија: „Свирам на свадби и веселби, заработката е солидна“ „Ги свирам сите македонски народни инструменти, но сепак, во Македонија сум преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg