Фроска Каракутовска (73) прави ремек-дела од волна и сапун: „Оваа облека е неуништлива, достигнува цена и од неколку стотици евра“
Што се може да се изработи од волна со помош на оваа техника наречена филц?
Сѐ што можете да замислите, сѐ може да се изработи. Без разлика дали станувало за големи или мали парчиња облека.
Во филц техника изработувам украси, чанти, шалови, прекривки, капути, шалови, марами...
Долга е листата, како што реков се што може да се замисли, а во практика да биде применливи, како производ добиен од природна волна.
Кои се реакциите на луѓето кога ќе ги видат, па и допрат ракотворбите?
Нема човек кој просто не се чудел на тоа каква топлина нудат овие производи од волна.
Многумина не веруваат дека некои работи се од волна и се направени рачно. Секое е посебно и неповторливо, а тоа уште толку ги воодушевува луѓето.
Знаат да препорачаат и на друг, бидејќи уште од прв момент се уверени во благодетите што ги дава облеката направена од чиста волна и сапун.
Колку македонскиот пазар е отворен за ваков вид на гардероба и модно-декоративни парчиња?
Уште од првата изработка која стигна до првите луѓе па се до денес немам застанато со работа.
Толку многу се бара гардероба и модно-декоративни парчиња што не можам да стигнам.
Со некои од луѓето со кои контактирам кажуваат дека капут или џемпер во познатите земски центри достигнуваат и цени од неколку стотина евра.
Има голем интерес за ваквите производи и навистина ми е драго што многумина сфаќаат зошто е здраво да се носи облека од волна.
Имате ли помош од некако со ова? Како реагираат најблиските?
Сѐ правам сама, јас сум човек кој сака максимално да се вложи во нешто што го прави и никогаш не се жалам.
Цврсто верувам во замислата и успехот, а тоа веќе многу пати го докажале реакциите на луѓето, особено оние кои добро ме познаваат.
Најблиските на почетокот можеби имаа малку скептичност што ќе правам, но знам дека веруваа во мене. Си дадов мисија и мислам дека успешно ја реализирам сите овие три години.
Повеќе фотофрафии од рачните изработки на Фроска Каракутовска во филц техника:
Д. Б. | Црнобело