Филип Трајковиќ, еден од двата главни машки лика во Кајмак: „Снимачки ден траеше 12 часа, на сетот имаше многу смеа“
Какви беа Камка Тоциновски и Сара Климоска за соработка?
И Камка и Сара се одлични соработници, човек може само да посака такви колеги на сет.
Двете си владеат во професијата и во актерскиот занает што тебе како актер и како нивни партнер те мотивира да извадиш што е можно повеќе од себеси и да бидеш на највисоко можно ниво, а они како партнери прават тоа да е лесно.
Колку време се снимаше Кајмак и колку работни часа траеше најдолгото снимање?
Јас имав околу 12 снимачки денови. Снимачки ден трае 12 часа и заради професионалноста на екипата на сет немаше доцнења и продолжени снимања.
Сè си одеше по план и сè течеше лесно.
Што ти беше најтешко при снимањето?
Најтешко на снимањето беше да се издржат топлите августовски температури, посебно во сцените каде што моравме да носиме костими што не се за тој период од годината.
фото: Стефан Рајхл
Кои се твоите најсилни атрибути како актер?
Секогаш играм за партнерот. Се обидувам што е можно повеќе да не глумам и секогаш се трудам да го донесам ликот колку можам повеќе до вистината.
Филм или теaтар?
И филм и театар. И филмот и театарот си имаат сопствена магија, зависен сум и од двете и невозможно е за мене сега да направам избор.
Што си посакуваш за 10 години отсега на поле кариера?
Посакувам за 10 години отсега да влегувам во секој нов проект со истата амбиција, со истата желба да научам нешто ново и со желбата да оставам нешто добро зад себе, да влегувам со истата љубов за професијата во секој нов предизвик.
Прочитајте и „Бев на премиера на Кајмак во Македонска Филхармонија – настанот светски, а филмот доби стоечки овации“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело