Филип Трајковиќ, еден од двата главни машки лика во Кајмак: „Снимачки ден траеше 12 часа, на сетот имаше многу смеа“

„И Камка Тоциновски и Сара Климоска се одлични соработници, човек може само да посака такви колеги на сет. Двете си владеат во професијата и во актерскиот занает. Јас имав околу 12 снимачки денови. Снимачки ден трае 12 часа и заради професионалноста на екипата на сет немаше доцнења и продолжени снимања“, открива Филип Трајковиќ за CRNOBELO.com, кој веќе 12 години е дел од Драмски театар Скопје.

filip-trajkovikj-eden-od-dvata-glavni-mashki-lika-vo-kajmak-snimachki-den-traeshe-12-chasa-na-setot-imashe-mnogu-smea-01.jpg

Филип Трајковиќ (40) од Скопје е вработен во Драмски театар Скопје веќе 12 години, има изиграно преку 30 помали и поголеми улоги, а филмот „Кајмак“ е негова прва соработка со Милчо Манчевски, и за него е прва ваква голема улога на филм.

За соработката со Милчо вели дека била прекрасна, се разбрале одлично и смета дека навистина е благодат да можеш да играш во еден таков голем филм со таква екипа.

За CRNOBELO.com Филип споделува детали од снимањето и како се справил со овој филмски предизвик:

Какви емоции те преплавија кога за првпат го погледна „Кајмак“? Задоволен ли си од изведбата?

Бев многу возбуден на премиерата, многу ми беше мерак да ги гледам колегите колку добро си ја вршат работата и бев горд на сите нас.

Добро е што сега филмот игра во повеќе од 30 градови низ Македонија, па ќе можат сите да го погледнат и да уживаат во него. Навистина имаме со што да се пофалиме.

filip-trajkovikj-eden-od-dvata-glavni-mashki-lika-vo-kajmak-snimachki-den-traeshe-12-chasa-na-setot-imashe-mnogu-smea-04.jpg

Го глумеше едниот од двата машки главни лика, но и неговиот брат? Колку беше предизвик ова?

Во филмот го играм Методи, кој е една од двете машки главни улоги, но го играм и Кирил, братот близнак, кој има епизодна улога.

Среќен сум дека можам да кажам дека во еден голем филм играм и главна и епизодна улога, мислам дека е тоа нешто што многу ретко се случува во кариерата на еден актер.

filip-trajkovikj-eden-od-dvata-glavni-mashki-lika-vo-kajmak-snimachki-den-traeshe-12-chasa-na-setot-imashe-mnogu-smea-10.jpg

Беше предизвик да се направи разлика од едниот до другиот лик, но секако беше и големо уживање да се играат разликите меѓу нив.

filip-trajkovikj-eden-od-dvata-glavni-mashki-lika-vo-kajmak-snimachki-den-traeshe-12-chasa-na-setot-imashe-mnogu-smea-12.jpg

Беше ли на кастинг за улогата, како испадна соработката?

За кастингот ми се јави Милка Анчевска. Немав многу време да се спремам за првиот круг, ама благодарение на нејзината професионалност и умеење како да ги води глумците низ процесот на кастингот, некако со голема леснотија го поминав првиот круг.

Се разбира, за тоа голема заслуга има Милка затоа што во ниеден момент не дозволи да се почувствувам несигурно или неудобно за време на кастингот.

Веќе во вториот круг од кастингот работевме со Милчо, се разбравме многу убаво што е потребно за ликот и заедно го сработивме. Се разбира во целиот процес на снимањето како и на пробите претходно сите заедно градевме и грабавме и дававме по некој дел од душата што го изгради ликот на Методи, и за тоа сум им бескрајно благодарен.

filip-trajkovikj-eden-od-dvata-glavni-mashki-lika-vo-kajmak-snimachki-den-traeshe-12-chasa-na-setot-imashe-mnogu-smea-07.jpg

Кој беше најголем професионалец на сет, кој ве смееше најмногу, а кој секогаш доцнеше?

Во екипа на такви професионалци немаше простор за доцнење и непрофесионално однесување.

Смеење имаше многу и навистина не можам да издвојам некој посебно. Многу се забавуваме и многу беше пријатно целото тоа искуство.

filip-trajkovikj-eden-od-dvata-glavni-mashki-lika-vo-kajmak-snimachki-den-traeshe-12-chasa-na-setot-imashe-mnogu-smea-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Емра Куртишова: „Лена уште во стомакот реагираше на гласот на татко ѝ, а сега се топи кога тој ќе ѝ ... „Ликот на Исаура ми фали премногу. Навистина ми е жал што успеав да снимам само ...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg