Инспиративна жена: Дина Муцунска - менаџер, активист, вљубеничка во спортот и посветена мајка

Таа е самоуверена, впечатлива, истрајна и решителна, инспиративна во поглед на фитнес навиките и жедта за адреналин, но и поради изјавите од типот „Зошто се трудам да бидам успешна бизнис жена? – За да бидам мајка, која е пример на своите деца“. Дина Муцунска (44) ја споделува својата животна приказна за CRNOBELO.com…

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-01.jpg

Дина Дафинка Муцунска (44) од Скопје e менаџер, консултант, докторант на туризам и мајка на две деца, синот Џоле (21) и ќерката Никита (15).

Таа е добропознато име од бизнис секторот како генерален менаџер на Хотел Манастир, но и како граѓански активист – претседател на здружението на граѓани ПСК Малешевска Корија.

Со неа поразговаравме за нејзината љубов кон фитнесот, животни навики, но и што ја инспирира во животот.

Дина Муцинска споделува за CRNOBELO.com:

Колку е тешко едновремено да се биде успешна бизнис жена, но и посветена мајка? Како балансираш со обврските?

Од кога станав мајка, поприлично млада на 22-годишна возраст, животот и сè во него, односно крајниот одговор на секое мое „Зошто“ водеше кон моите деца…

Така што зошто „успешна бизнис жена“?, за мајка пример на моите деца. Затоа што децата најдобро се воспитуваат по личен пример, а не по демагогија на зборови, кои самите со своите дела не ги поткрепувате, а кога веќе ти е ова филозофија на живот, балансот се постигнува со многу љубов.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-04.jpeg

Јас милувам да се шегувам дека никогаш не ми било лесно, ама пак затоа ми е многу убаво.

Навистина е привилегија да се може, она коешто се сака и се чувствувам благословена, зборувам за поседување на личен капацитет, интелигенцијата, силата и енергијата да се одржат духовниот, менталниот и физичкиот напор, но за реализација треба секако многу труд, посветеност, страст за она кое го правите, бидејќи ретко кога оди со леснотија, особено не во нашата земјa.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-02.jpg

Сето она со кое се занимавам професионално, се многу разнородни нешта и нивното вкомпонирање, бара исклучителна концентрација, фокус и многу посветено време, па така често е и напорно и тешко, постојат и многу фрустрирачки фактори… но кога си ја знаеш целта, а тоа се твоите деца, да ги израснеш во здрави, среќни, насмеани, полни со љубов луѓе, а при тоа и вредни и корисни не само за себе, туку и за општеството во кое живеат и при тоа гледаш дека си на добар пат според нивниот раст и развој… Знаеш дека ја „одиш својата мисија“.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-19.jpeg

Како изгледаше ноќниот живот и додворувањето некогаш? Најградски „ликови“ од твојата младост беа…

Еднаш на слично прашање одговорив „Не сум затворала кафеани, ама за тоа редовно сум била последната по теретани“…

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-11.jpeg

Не сум излегувала многу, не ни стигнав кога, на 21 се омажив и родив дете, по што почнав и да работам и едноставно ниту имав време кога, а со целиот тој обем на обврски – немав ниту желба …

Не бев многу заинтересирана ни за момци. Имав некој свој свет на книги и рекреативни спортови, па веројатно и не емитував таква енергија, па поради тоа не сум имала ни многу додворувачи и апропо ова и не знам ни кои беа најградски ликови…

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-18.jpeg

Секако кога излегував, благодарение на моите другарки тоа беше во најИН местата, односно тогашната градска шема и секако бев забележителна, особено по изгледот, бидејќи во тоа време ретко кои и момци се занимаваа со фитнес, а не пак девојки, наспроти тоа што веќе од 14 години бев редовна во теретана и веќе имав сериозни резултати.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-17.jpeg

Кои ти се омилени спортови, колку често ги практикуваш, каде одиш на одмор?

Животот со голем обем на обврски, не дава можности за многу слободно време, ниту за спорт, ниту за патувања.

Но, за да можам да се носам со секојдневниот предизвик на презафатеност, првенствено мора да сум здрава и морам и да живеам во духот на здравите животни навики, а спортот е дефинитивно многу важна компонента.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-09.jpeg

Фитнесот со 2 до 3 тренинга неделно – ми е основа, јас „пораснав“ во теретана, на млада возраст ми беше забава, а сега ми е антистрес сесија и терапија за хормони на среќа, а останатите спортови ги практикувам повремено: планинарење, планински велосипедизам, кајак на мирна вода, јавање коњ, до неодамна и кикбоксот ми беше почеста ендорфинска доза…

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-12.jpeg

Во принцип кога се зборува за поадреналинска активност и без да дослушам, прашувам „кога?“. Токму и ваквите активности ми се повод и за патувања, сакам активни авантуристички одмори, а сега од кога децата ми се големи можам и сама да си бирам и креирам патувања по мерка.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-07.jpeg

Генерално кога имаш соседни земји како нашите, изборот е лесен, Грција и Албанија се за море и плажа, а Бугарија е за СПА, Црна Гора и Србија нудат доста авантуристички можности, а истите веќе се во подем и во нашата земја, па и на Косово.

Впрочем ќе издвојам едно 10-дневно патување во Црна Гора, каде за секој ден имав различна адреналинска активност, од искачување на нивните најстрмни врвови, до рафтинг, кањонинг, посета на разни природни реткости … и ми е сè уште број еден на листата, веројатно и поради интензитетот на доживувања и психо-физичката спремност која ја имав за да можам да уживам во таква констелација од еден по друг адреналински настан.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-15.jpeg

Патем, нашата земја е прекрасна, а многу малку ја познаваме. Има прекрасни природни атракции кои би требало првенствено нив да ги прошетаме и запознаеме, па потоа да ние е светот за цел.

Инаку Европа ми е поприлично прошетена, нешто имам и од Африка, една година живеев во Америка, па успеав голем дел од источното крајбрежје да посетам, некако веројатно од Азија најмалку сум видела, па ете таа нека е за годините кои следат…

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Успешни мајка и ќерка: Катарина има врвни тениски успеси, а мајка ѝ Слаѓана е жена претприемач „Мојата мајка е столбот кој стои зад секој мој успех. Таа секогаш се грижеше да ...
Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg