Дафина Васева, колекционер на TY плишани играчки: „Најскапата играчка ми е 3.000 денари, но искрено ме радуваат“
- Детали
- петок, 07 октомври 2022
„Прво ги купував за ќерка ми, а сега за себе. Во моментов имам околу 70 оригинални TY играчки. Сама си ги одржувам, a со оглед на тоа што се плишани си ги перам во машина...“, открива Дафина Васева (34) од Скопје за CRNOBELO.com.
Дафина Васева (34) од Скопје, дипломиран маркетинг менаџер, е колекционер на TY плишани играчки.
Вели дека почнала да ги купува за нејзината ќерка, но и самата таа се вљубила во нив, па продолжила да ги собира, дури и откако ќерка ѝ изгубила интерес за нив.
За нејзината страст таа открива детали за CRNOBELO.com:
Како станавте колекцинер? Од каде е желбата за колекционерство?
Купувајќи ги овие играчки за ќерка ми толку многу ги засакав што почнав да си правам колекција. Прекрасно е чувството да се собира нешто што ве радува.
Од кога собирате плишани играчкии и зошто токму тоа?
Од пред 6-7 години.
Кога беше помала мојата ќеркичка секогаш кога и да ги видеше TY плишаните играчки со големи светкави очи искрено им се радуваше, а понекогаш посакуваше да има некоја од нив, па јас со задоволство ѝ купував.
Со тек на време и јас ги засакав... Сега веќе на неа не ѝ се интересни, а мене премногу ме радуваат.
Колку парчиња имате во колекциите?
Во моментов имам околу 70 оригинални TY играчки.
Кои ви се највредните парчиња? И колку најмногу пари сте дале за една играчка?
Марката TY има плишани играчки со висок квалитет, па затоа се и доста скапи.
Највредната играчка ми е големо фламинго. За една играчка најмногу сум дала 3.000 денари.
Кој се грижи за чистењето на колекцијата?
Сама си ги одржувам. Со оглед на тоа што се плишани си ги перам во машина.