Антонио Савевски: „Имам колекција од 350 кошаркарски дресови, а целта ми е да имам најголема колекција во свет“
Што ти е омилено од колекцијата? Што е најинтересното нешто што го поседуваш?
Омилени од колекцијата ми се дресовите на Минесота од НБА лигата, бидејќи навивам за тој тим уште од мал и дресовите со кои имаат настапувано македонските кошаркарки на големите мундијали.
Дресови кои се за спомнување и интересни за прикажување се тие што се стари од македонската лига и се од некои од финалиња.
Пример, дресот на КК Жито Вардар од Велес од финалето на сезона 1996/1997 каде беа поразени со 4-1 од тогашниот КК Годел Работнички.
Дресот од шампионската екипа на Никол Ферт Гостивар 2001/2002, шампионскит дрес и освојувач на купот 2009 Амак Сп од Охрид, дресот на Дамјан Стојановски од дуплата круна на МЗТ Скопје 2020/2021.
Кои се предизвиците да се биде колекционер во Македонија?
Предизвикот е голем, искрено сакам да сум прв и не само кај нас во Македонија, туку и во целиот свет.
Сакам да им покажам и себе и на другите, поготово скептиците во Македонија, дека може секој да си го оствари сонот, без да најде изговори за истиот дека сме мала држава и не можеме да реализираме тоа што сме замислиле.
Како реагираат најблиските на ова твое хоби?
На почетокот, пред сè од дома моите, го кажуваа истото – ќе земеш 10-20 дресови и толку, беспотребно трошење на пари, кај ќе најдеш толку дресови колку што кажуваш.
А од блиските добив голема поддршка, некои дури и ми наоѓа дресови преку нивни пријатели и познаници надвор од државава.
Колку е вкупната вредност на колекцијата?
Моменталната вредност на колекцијата бидејќи мора да се осигури оваа количина на дресови, изнесува доста високо.
Не би сакал да изјавувам за сума, бидејќи е вредна многу повеќе од некој што може да замисли.
Во колекцијата има повеќе од 350 дресови така што мислам се работи за висока сума на вредност на истите.
Јас лично кажувам дека се бесценети бидејќи не може ништо да ме натера да продадам ниту еден дрес од нив.
Има ли многу колекционери во Македонија?
Во Македонија не познавам друг колекционер на дресови, односно сум слушнал за едно момче од Скопје кој има 60-тина дресови, но не се знам лично.
Јас сакам да има повеќе, да можам да им помогнам и на други, ако имаат свој сон како јас да го остварат.
За истите дресови подготвувам документарен филм кој веќе е во процедура на снимање, но поради приватните обврски не сум во можност да го реализирам во дадениот рок за себе пред сè.
Колекцијата има и профил на Инстаграм каде ќе следува објавување на дресовите кои ги поседувам.
Профилот за дресовите ми е @kingdom_of_jerseys_mkd, а таму ќе ја има целата колекција.
Голема благодарност до поддржувачите и луѓето кои финансиски помогнаа за реализација на документарецот и луѓето кои моментално работат на проектот со мене и мојот пријател Никола Ристески околу профилот и маркетингот за проектов.
Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело