Бобан Србиновски: „На 28 години добив дијагноза мултипла склероза и повеќе ништо не е исто, но затоа живеам за мигот“

boban-srbinovski-34-so-multipla-skleroza-se-sluchuva-nenadejno-da-ne-mi-funkcionira-raka-ili-noga-zatoa-zhiveam-za-migot-06.jpg

Каква терапија практикуваш?

Од самиот почеток направив драстични промени во исхраната и започнав терапија препишана од невролог.

Правам вежби во домашни услови во зависност од можноста и состојбата во која сум во моментот, знам и да направам подолга пауза, па да почувствувам како телото ми бара малку внимание.

Секојдневен внес на витамини и внатрешниот аларм кога треба да застанам со активност за да одморам.

Те плаши ли помислата на иднината? Успеваш ли да се концентрираш на мигот и да уживаш во сегашноста, нешто што секој еден од нас треба да знае да го прави?

Помислата за иднината ми прави состојба на депресија, долгорочните планови не се во мојот распоред.

Времето поминато со сопругата, децата и внуците ме исполнува, сакам да се дружам и бидам во друштво со позитивни луѓе. Треба да се ужива во моментот и да не се опседнува со иднината, да не размислуваме на негативни работи.

Добрите и позитивни мисли привлекуваат и таква енергија. Да мислиме и тежнееме кон она што сакаме да ни се случи.

boban-srbinovski-34-so-multipla-skleroza-se-sluchuva-nenadejno-da-ne-mi-funkcionira-raka-ili-noga-zatoa-zhiveam-za-migot-03.jpg

Што се промени во твојот тек на живот?

Научив повеќе да се почитувам и ценам, да кажам НЕ, да бидам трпелив и истраен, да плачам и најгласно да се смеам, да уживам во сите мали нешта и да го „вдишувам“ животот со полни гради. Ако не можам да ја победам да ѝ се придружам.

Ова е игра која нема никаков „рестарт“, како сон од кој знаеш дека нема да се разбудиш, туку ќе го живееш до крајот на твоето постоење.

Актерката Селма Блер отворено говори за соочувањето со оваа болест… Колку сметаш дека говорењето на темата јавно помага?

Треба сите да бидат упатени во состојбата со МС, секој е со различно искуство и предлог за решение.

Колку повеќе ја откриваме, толку подобро ќе ја запознаеме.

boban-srbinovski-34-so-multipla-skleroza-se-sluchuva-nenadejno-da-ne-mi-funkcionira-raka-ili-noga-zatoa-zhiveam-za-migot-07.jpg

Што би им порачал на другите што се соочуваат со оваа дијагноза?

На мене и на сите им посакувам да се прифати состојбата во која сме и да не се плашиме што и да се случи, овде одлуките не ги носиме ние, ако работата не може да се направи сега, нека се направи утре.

Никој од нас не е должен да се докажува и покажува колку може да направи.

Да се отвориме и да ги откриеме нашите квалитети кои можеби не знаеме дека сме ги имале, храброст, трпеливост, постојаност, упорност, прилагодливост, инвентивност и неуништлив дух, квалитети кои сè повеќе ги откриваме со секој нов удар кој ни го задава оваа дијагноза.

МС може да ни одземе што сака, но срцето и душата не. Да бидеме јаки, а не патетични.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бобан Илиоски, светски шампион во кикбокс за CRNOBELO: „Жртвував многу за да стигнам до титулата“ „Долгогодишна напорна работа и голема жртва ме донесоа до титулата. Длабоко во с...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот как... „Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан ...
„Прљаво казалиште“ за CRNOBELO: „Во Прилеп скршив рака, тоа е ‘спомен’ од Македонија што ќе го памта... „Песната Marina е наша 'лична карта' последниве години. Уште пред концерт н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg