Светлана од Скопје е инспиративна 69-годишна пензионерка: „Кои се моите тајни за среќен живот?“
- Детали
- среда, 01 јуни 2022
„Чувам мачка - мачорот Тоби, кој го спасивме од улица, секојдневно медитирам и слушам медитативна музика, хоби ми е цртање со акварел техника, а како поранешна ракометарка, сметам дека физичката активност е многу важна за здравјето. Годините не ми се пречка и среќна сум што спортскиот дух никогаш не ме напушти“, раскажува Светлана Стојевска (69) од Скопје за CRNOBELO.com.
Светлана Стојевска е 69-годишна пензионерка од Скопје, мајка на две ќерки, баба на три внуци и прабаба на еден правнук.
Таа вели дека животно мото ѝ е: „Ништо во животот не е случајно“ и се труди да пронајде среќа и во најмалите работи од секојдневието.
Таа за CRNOBELO.com ja споделува својата листа со „тајни“ за среќен живот, како и животни навики:
Најголема среќа и радост ми носат ќерките, внуците и правнучето и тоа е моето најголемо богатство.
Чувам мачка - мачорот Тоби, кој го спасивме од улица и сега уживаме во неговите секојдневни лудории.
Секојдневно медитирам и слушам медитативна музика.
Пешачам 1 час во денот - задолжително.
Секој ден утрото го почнувам со лажица мед и 1 чаша вода и си подготвувам еликсир од цвекло, морков, јаболко, урми и лимон.