Дарко Фотевски, дечко од Скопје со префинет моден стил: „Оделата и модните додатоци ми се слабост“ (фото)
Секогаш се водам со мислата дека „Првиот впечаток е секогаш најважен“, бидејќи тој се формира врз основа на инвидуалниот моден вкус.
Многу е полесно да се облечете стилски ако имате финансиска моќ, но не е секогаш тоа е пресудно. Модата е секогаш многу скапа, со сите тие луксузни модни брендови, за разлика од стилот за кој не секогаш се пресудни луксузни парчиња за да се искомбинирате беспрекорно.
Пак ќе кажам најважно е да знаеш како да го износиш сето тоа на себе. Мојот стил е граден со многу љубов и внимание во текот на годините, не е возможно преку ноќ сето тоа да се изгради.
Добриот стил ја отсликува целокупната слика за личноста, од надворешниот изглед, манирите, самодовербата, харизмата и самата енергија која ја поседува.
Морам да напоменам дека освен модата, значајно место зазема моето семејство кое воедно ми е и најголема поддршка, работата, патувањето, спортските активности и секако пријателите.“
Повеќе фотографии од Дарко Фотевски:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело