Уникатна љубовна приказна: Таа е од Струмица, тој од Мексико, живеат во Нов Зеланд, а ја запросил во Дубаи
Кога сè си дојде на место започнавме да патуваме, првото заедничко патување ни беше за Македонија и Мексико. Родриго е фасциниран од нашиот љубезен народ, македонската култура, како и снегот којшто го доживеа за првпат кога појдовме во Боровец, Бугарија.
Кога стигнавме во Мексико организирал да бидам пречекана со прекрасен букет на кој пишуваше „Добредојде во Мексико љубов моја“.
По оваа следуваа патувања низ Нов Зеланд, Јапонија, Фиџи, Швајцарија, Дубаи, Грција…
По пет години заеднички живот и низа патувања, Родриго ме запроси во Дубаи каде што организирал привата вечера во еден од најубавиот хотел во со прекрасен поглед кон Бурџ Халифа.
Секогаш кога ја раскажувам нашата приказна луѓето се прашуваат како јас од Македонија и тој од Мексико се сретнавме во Нов Зеланд.
Нашиот фамилијарен отец во Македонија често знае да се пошегува, Ванелиа ти пропатува половина свет, како и Родриго за да се најдете во Нов Зеланд-е тоа е вистинска судбина. Едноставно, судено било.“