Амир Исмаили ја има најкреативната тезга на пазарот Тафталиџе: „Забавните натписи ги пишувам од 1996 година - сите ме знаат“

„На тезгата на пазар сум од 10 до 12 часа на ден, 7 дена во неделата и 365 дена во годината. Во зима љубовта кон работата ме грее, а во лето е голем проблем кога и сонцето и љубовта ме греат наеднаш“, вели шеговито Амир Исмаили за CRNOBELO.com кој ја обожава својата работа и е вистинска инспирација со забавните натписи.

amir-ismaili-ja-ima-najkreativnata-tezga-na-pazarot-taftalidje-zabavnite-natpisi-gi-pishuvam-od-1996-godina-site-me-znaat-01.jpg

Амир Исмаили (49) од скопската населба Нерези, сопруг на една прекрасна жена, како што самиот милува да каже, и татко на 4 прекрасни ќерки, има тезга на пазарот Тафталиџе во истоимената скопска населба и е познат по креативните и забавни натписи кои ги пишува на овошјето и зеленчукот што го продава.

Неговата тезга е навистина уникатна и го привлекува вниманието.

Многумина добро го познаваат Амир и со задоволство пазаруваат кај него како поради професионалноста, така и поради дозата хумор со која ѝ пристапува на работата.

Заедно со браќата, Амир ужива во работата и затоа има лојални купувачи кои со години доаѓаат на нивната тезга/пилјара „Creative veggies and fruits“.

Како изгледа неговата работа, но и од кога ги пишува забавните натписи, тој открива за CRNOBELO.com:

Колку време се занимавате со овој бизнис, на кој пазар имате тезга?

Нашата локација се наоѓа на пазарот во населбата Тафталиџе, блиску до трговскиот центар Сити Мол, на улица Московска. Со овој бизнис фамилијарно се занимаваме 40 години.

amir-ismaili-ja-ima-najkreativnata-tezga-na-pazarot-taftalidje-zabavnite-natpisi-gi-pishuvam-od-1996-godina-site-me-znaat-02.jpg

Препознатливи сте по забавните натписи на производите, од каде идејата и колку години го правите ова?

Како дипломиран социолог, сакам да комуницирам со луѓе, а со тоа ми доаѓа и инспирацијата.

За време на југословенскиот систем немаше потреба од истакнување бидејќи конкуренцијата беше на минимум, но со капитализмот борбата е секој ден, конкуренцијата е голема и дојдов до идеја со пишувањето кратки слогани да се разликувам од другите.

Претходно се занимавав и со цртање на реални реклами, што значи маркетингот ми во душата. Слогани во овој бизнис пишувам од 1996 година.

amir-ismaili-ja-ima-najkreativnata-tezga-na-pazarot-taftalidje-zabavnite-natpisi-gi-pishuvam-od-1996-godina-site-me-znaat-06.jpg

За вас кој е убедливо најзабавниот натпис што сте го напишале досега?

Прв слоган што сум го напишал е „Лимон со кора тенка како лименка, а сок тече како река“, а како најмногу критикуван ми е „Портокали, сочни и вкусни, како силиконски усни“.

Малку е бизарно дека реално силоконот не е природен, но сепак окото се лаже.

amir-ismaili-ja-ima-najkreativnata-tezga-na-pazarot-taftalidje-zabavnite-natpisi-gi-pishuvam-od-1996-godina-site-me-znaat-16.jpg

Кои се позитивните и негативните страни на работата на тезга? Што ви се допаѓа најмногу, а што ви е најтешко?

Позитивната страна е дека се сретнувам со разни луѓе што мене ме фасцинира и инспирира, а од друга страна мал број од луѓево не можам да ги сфатам со нивната реакција кога се чудат и прашуваат „Кој ти ги напишал слоганите“, а не прашуваат „Како се сетивте да пишувате вака убаво?“.

Најмногу ми се допаѓа кога ќе ја продадам целата роба, а тоа што не ми се допаѓа е кога гледам како робата овенува.

Сепак, на крај еден дел се носи дома, а друг дел ја раздаваме на оние што не можат да дозволат.

amir-ismaili-ja-ima-najkreativnata-tezga-na-pazarot-taftalidje-zabavnite-natpisi-gi-pishuvam-od-1996-godina-site-me-znaat-03.jpg

Како издржувате зимно време надвор кога температурите се многу ниски? Која е вашата тајна, како се загревате?

Во зима љубовта кон работата ме грее, а во лето е голем проблем кога и сонцето и љубовта ме греат наеднаш.

amir-ismaili-ja-ima-najkreativnata-tezga-na-pazarot-taftalidje-zabavnite-natpisi-gi-pishuvam-od-1996-godina-site-me-znaat-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Светскиот шампион во танц Анди Исмаили (14): „Наставничка ме исмеваше јавно, најдов начин да се спра... „Учителка ме исмеваше за моето танцување, но веќе нема да ѝ дозволам да ми ги зе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg