Јулијана Тодорова: „Чувам змија 4 години, ја хранам со глувци – не е отровна“

Опасна ли е змијата?

Змијата е пченкарна, не е отровна и досега нема каснато никого, а ја чуваме веќе 4 години.

Со што се храни змијата? Пие ли вода?

Змијата се храни со глувци и пие вода и секогаш има сад со редовно променета питка вода.

Сте имале ли некој немил настан со змијата?

Досега не сме имале немил настан затоа што сме многу претпазливи и премногу се грижиме за нив.

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-05.jpg

Сака ли галење? Кој член од семејството ѝ посветува најмногу внимание?

Има денови кога е нервозна и тоа се чувствува, а има денови кога сака да се умотува околу нас и да се гали на некој начин.

Сите тројца подеднакво се грижиме за сите миленичиња и се договараме којшто му е задолжение, како за набавка на храната. така и за самото хранење, за одржување на хигиената и контрола на температурата.

Како избравте кој тип на гуштер ќе го чувате? Зошто токму тој вид?

Тоа беше избор на мојот син по долги истражувања и едукација околу нивното чување. Инаку видот на гуштерот е Леопард Геко.

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-07.jpg

Какво е неговото живеалиште, со што го храните и какви навики има?

Гуштерот живее во посебен терариум со црвен пустински песок, на половина од терариумот температурата треба да е 35 степени, има неколку засолништа, еден импровизиран базен и сад за пиење вода.

Тој не е многу подвижен, се храни со одреден тип на инсекти и не испушта никакви звуци.

Како реагираат змијата и гуштерот еден на друг? Ги ставате ли некогаш заедно?

Многу ретко ги ставаме заедно, единствено кога правиме семејни фотографии.

Сте ги оставиле ли повеќе денови сами?

Најчесто не ги оставаме повеќе од три дена сами бидејќи треба да се хранат, но секогаш имаме некој подалечен член од семејството кој се грижи за нив кога не сме дома.

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-06.jpg

Змијата како домашен миленик ви се допаѓа затоа што...

Е навистина егзотична и специфична.

Гуштерот како домашен миленик ви се допаѓа затоа што…

Исто како и змијата, тоа што се поразлични и несекојдневни.

Што би им препорачале ли на вљубениците во змии и гуштери, дали се соодветни за домашни миленици?

Јас како љубител на егзотични миленици би им препорачала на сите да одберат тип на миленик за кој се сигурни дека имаат соодветни услови за чување и дека можат да им ја пружат потребната грижа и љубов, и секако секогаш да имаат резерви на храна бидејќи е тешко достапна.

Како изгледале змијата и гуштерот кога биле малечки:

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-01.jpg

julijana-todorova-chuvam-zmija-4-godini-ja-hranam-so-gluvci-ne-e-otrovna-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кјара, ќерката на Хелена Роза, за CRNOBELО: „Стефан сам го дизајнираше дијамантскиот прстен, побара ... „Кога го запознав Стефан бев во долгогодишна врска и го гледав само како пријате...
Марјан од охридско Пештани е актер и модел во Унгарија: „Бев на снимање со Ема Стоун“ „Имам сниманo реклами во Унгарија, Словачка, Австрија, Германија... Луѓето што с...
Елена Поповска, сликарка: „Не сум фрлила платно, но знам да го преработам ако не ја гледам истата ем... „Сите мои досегашни слики сами се насликале и најчесто маратонски ги 'раѓам' пор...
Сашка (38) е домаќинка од Куманово: „Кујната е моето царство, готвам секој ден, моето семејство е пр... „Среќна сум што моето семејство го цени тоа што сум домаќинка. Тие се пресреќни ...
Елиф Елмас ексклузивно за CRNOBELO: „Пред првиот натпревар за репрезентација ми потекоа солзи радосн... „На 17 години ме викнаа да играм за Македонија. Во хотел стигнав по полноќ, па м...
Успешни мајка и ќерка: Катарина има врвни тениски успеси, а мајка ѝ Слаѓана е жена претприемач „Мојата мајка е столбот кој стои зад секој мој успех. Таа секогаш се грижеше да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg