Амер се вратил од Германија во струшко, а денес има фарма со крави: „Сите што мислат дека има подобро од овде, се лажат“

Дали освен млечни производи на вашата фарма има и други производи? Што одгледувате најчесто?

Моментално произведуваме само млечни производи бидејќи е многу тешко да се занимаваш во исто време со повеќе работи, така што сè друго е елиминирано.

Има ли денови за одмор кога се занимаваш со сточарство?

Секако, ако го организираш времето има и такви денови кога може да си дозволиме одмор.

Се разбира, не може долго да бидеш отсутен бидејќи добитокот трипати на ден сака храна и вода.

amer-od-strushko-se-vratil-od-germanija-a-denes-ima-farma-so-kravi-site-shto-mislat-deka-ima-podobro-od-ovde-se-lazhat-12.jpg

Кои производи ви се најбарани?

Најбаран производ ни е кравјата маст (путер). И другите производи се бараат, но неа може да ја одвоиме бидејќи е навистина нешто што вреди.

amer-od-strushko-se-vratil-od-germanija-a-denes-ima-farma-so-kravi-site-shto-mislat-deka-ima-podobro-od-ovde-se-lazhat-14_copy.jpg

Кој ти помага околу фармата, имаш ли вработени или сè работиш сам?

Околу фармата ми помага моето семејство, и тоа најчесто за молзењето и хранењето на добитокот, а другите работи претежно ги вршам јас.

Може ли во Македонија да се опстане само со сточарство и земјоделие?

Не знам зошто луѓето се жалат и ја гледаат само лошата страна на работите.

Јас можам, барем за себе, да кажам дека многу убаво може да се живее и заработува во Македонија од земјоделство, особено во последните години кога сè повеќе изумира оваа работа.

amer-od-strushko-se-vratil-od-germanija-a-denes-ima-farma-so-kravi-site-shto-mislat-deka-ima-podobro-od-ovde-se-lazhat-10.jpg

Со оглед на тоа што претходно си живеел во странство, што би им порачал на луѓето што размислуваат да си заминат одовде и среќата да си ја побараат на друго место?

За сите други кои планираат да ја напуштат земјава мислејќи дека има подобро од овде, треба да знаат дека се лажат, бидејќи без работа во странство не може да се живее како тука.

Оваа слобода човек не може да ја има никаде освен тука, така што само треба човек малку да ја гледа реалната слика на животот и да работи, а сè после тоа е полесно.

Но, сепак, треба да се вложи труд, а плодот после тоа доаѓа.

amer-od-strushko-se-vratil-od-germanija-a-denes-ima-farma-so-kravi-site-shto-mislat-deka-ima-podobro-od-ovde-se-lazhat-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg